Фудбалерите на Реал Мадрид вчера ги добија луксузните автомобили од спонзорот БМВ, но двете големи ѕвезди Килијан Мбапе и Џуд Белингем нема да ги возат.
Германскиот производител на авомобили БМВ е спонзор на Реал Мадрид, па фудбалерите секоја година добиваат луксузни автомобили за користење.
Вчера играчите и Карло Анчелоти ги добија новите автомобили, Винисиус Жуниор и Лукас Васкез го избраа најскапиот модел – i7 M70 xDrive, а најскромни беа Антонио Ридигер и Орелиан Чуамни, кои го одбраа моделот iX2 xDrive30.
Најомилен е моделот BMW XM, кои го одбраа Модриќ, Мбапе, Белингем, Родриго, Карвахал, Куртоа, Себаљос, Алаба и Фран Гарсија,
Сепак, две ѕвезди нема да ги возат автомобилите, станува збор за Џуд Белингем и Килијан Мбапе.
Килијан Мбапе нема возачка, па нема да го вози автомобилот BMW XM, додека пак Џуд Белингем има возачка, но не вози.
Англичанецот на тренинг пристигнува во возило кое го управува неговата мајка, а кога таа не може, или доаѓа со Винисиус Жуниор или со такси.