98
Според информациите кои ги пренесува „Talksport“, се вели дека
левиот бек на Манчестер јунајтед, 27 годишниот Дејли Блинд би можел да се
пресели во Турција, и тоа во тимот на Фенербахче.
Турскиот Суперлигаш наводно сериозно ја размислува опција
да се засили со Холанѓанецот за кого нема место во тимот од „Олд Трафорд“ на
чие кормило седи португалскиот стратег Жозе Мурињо.
Доколку се остварат најавите, Блинд би можел да му се
приклучи на нашиот 18 годишен суперталент Елиф Елмас на Фенербахче во јануари,
токму во тој преоден рок и македонскиот репрезентативец треба да почне со
официјални настапи за Фенербахче.