Блажевски е класа и на 39 години: По пауза од две години се врати со два погодоци, еден беше еврогол (ВИДЕО)

by Стефан
0 минути читање

Поранешниот напаѓач на Вардар, Дејан Блажевски со одлични два гола се врати на терените во дресот на Хорзионт Турново.

Блажевски во натпреварот од Третата лига Исток постигна два гола против Малеш во триумфот од 9-1, а вториот беше посебно атрактивен со удар надвор од шеснаесетникот.

 Во Македонија, Блажевски настапуваше уште за Пелистер и Работнички во Македонија, а надвор од нашата земја беше дел од клубови во Грција, Азербејџан и Албанија.

Можно е и ова да ти се допаѓа

×