Блажевски погоди статива на стартот, Бендтнер погоди од пенал за водство на Розенборг на полувремето против Вардар (ВИДЕО)

by
2 минути читање

Избраниците на Чеде Јаневски имаат минимална негатива од
1-0 на гостувањето кај норвешки Розенборг во второто коло од групата „Л“ од
Лига Европа.

Вардарци почнаа одлично, ја имаа најсериозната шанса во
почетната фаза на мечот, Блажевски уште во третата минута, од далечина упати
мошне прецизен и силен удар, но неговиот обид заврши само во стативата од голот
на домаќините кои веднаш се заканија, но за среќа безуспешно.

Бендтнер во 6. минута имаше прилика да постигне гол но
Гачевски забележа одлична интервенција.
Вардар возврати со шанса единаесет
минути подоцна, Николов доби употреблива топка од Хамбарѕумјан во казнениот
простор на домаќините, но неговиот обид беше крајно непрецизен и заврши над
голот.

Сепак, домаќините први поведоа на мечот и тоа со голот на
Бендтнер од пенал во 25. минута од мечот. Пеналот дојде по стартот на Муслиу
токму над стрелецот на водечкиот гол за домаќините.

Шанса имаше повторно Николов, овој пат во 34. минута, но
неговиот удар беше одбранет од страна на голманот на домаќините, по што
минималното водство на  Розенборг остана
до крајот на првите 45 минути игра на мечот во Норвешка.

Вардар: Гачевски,
Муслиу, Грнчаров, Џигаури, Блажевски, Барсегјан, Глигоров, Хамбарџумјан, Демири
и Фелипе.

Мечот во
Трондхајм на „Леркендал“ арената го суди бугарскиот арбитар Георги Кокалов.

Фото-вест: 

alda.no

Можно е и ова да ти се допаѓа

@2024 – Сите права задржани