Блажевски ја продолжи верноста со Вардар: Ова е мој клуб, тука ја почнав мојата кариера и среќен сум што останувам

by
1 минути читање

Според информациите кои
ги објави официјалниот клупски сајт на македонскиот првак, Вардар ја продолжи
соработката со 32 годишниот офанзивец Дејан Блажевски. Инаку, неговиот договор
истекуваше токму овој месец.

Вардар ми понуди нов
договор, и прифатив да останам. Вардар е мој клуб, тука ја почнав мојата
кариера, и среќен сум што останувам во мојот тим. Договорот е до крајот на
сезоната, и посакувам уште многу настапи и уште многу голови во дресот на
Вардар, и сигурно се надевам на уште една шампионска титула и на освојување на
Купот на Македонија
“ рече Блажевски за официјалниот клупски сајт.

Блажевски откако дел од
својата кариера мина низ интернационални клубови, се врати во Вардар во
јануарскиот преоден рок во 2015. година, досега забележа 96 официјални настапи
за клубот.

 

Извор/Фото-вест: fkvardar.mk

Можно е и ова да ти се допаѓа

×