Блатер откри како Катар станал домаќин на Светското првенство

by
2 минути читање

Тогашниот претседател на ФИФА, Сеп Блатер сега открива како Катар ја добил организацијата на Мундијалот.

На сите ни е јасно дека парите ја одиграле главната улога бидејќи Катар нема никаква фудбалска традиција, а ниту имаше инфраструктура тогаш кога беше гласањето. Но, сега Блатер кажува конкретно како се случило тоа.

Планот бил по Русија 2018, САД да биде домаќин на Светското првенство, но работите се промениле во последен момент кога Блатер добил повик од Платини.

„Ми се јави Мишел Платини и ми рече дека нашиот план за Светско првенство во Русија, па во САД нема да може да се изведе. Ми кажа дека имал повик од францускиот претседател Саркози кој само што имал состанок со првиот човек на Катар. Саркози му рекол да му го доделат Светското првенство на Катар. Јас бев против, но Платини тогаш ме праша што би направил јас ако претседателот го побара тоа од мене. Јас реков дека во Швајцарија немаме претседател, па не сочувствувам со него. На крајот четирите гласа кои ги однесе Платини, пресудија Катар да биде домаќин на местото од САД. Тоа е вистината“, рече Блатер за швајцарските медиуми.

„Секако дека се беше за пари. Шест месеци потоа, Катар купи борбени авиони од Франција и тоа во вредност од околу 14,6 милијарди долари“.

Се верува дека ова се само дел од парите кои Катар ги потрошил за купување на гласови. Многу работи ќе бидат разотркиени во документарците кои се најавени за пред почетокот на СП.

Обложувај се онлајн на Моцарт, 100% бонус на прва уплата до 400 евра, регистрирај се на овој ЛИНК.

Можно е и ова да ти се допаѓа

@2024 – Сите права задржани