Поранешните први луѓе на ФИФА и УЕФА, Сеп Блатер и Мишел Платини и по втор пат беа ослободени од обвинувањата за корупција.
Во 2015 беше покрената истрага за корупција против тогашниот претседател на ФИФА, Сеп Блатер и првиот човек на УЕФА, Мишел Платини.
Спорна беше една исплата од ФИФА на сметката на Мишел Платини во износ од 2 милиони швајцарски франци.
Мишел Платини се правдаше дека оваа е исплата за консултантски услуги кои тој му ги давал на Сеп Блатер во периодот од 1998 до 2002 година, а исплатата била направена дури во 2011 поради тоа што УЕФА била во лоша финансиска ситуација.
Обвинителите спореше дека немало никаков документ за оваа соработка, додека пак Блатер и Платини се правдаа дека имале вербален договор.
Процесот траеше долги години при што во 2022, судот ги ослободи Блатер и Платини од обвинувањата, а обвинителството поднесе жалба.
Денеска пристигна нова одлука, судот ја одби жалбата на обвинителството и повторно ги ослободи Блатер и Платини од вина.
„Знам дека на моите непријатели им беше важно времето, воопшто не ги интересираа 2-та милиони. Им беше важно времето, се погрижија да ме снема на 10 години“ – вели Мишел Платини, кој во 2015 беше главен кандидат за наследник на Сеп Блатер на чело на ФИФА, но по скандалот доби забрана за инволвираност во фудбалот.