Фабрика Карпош 4-2(2-1) МРТ
Фабрика Карпош: Филип Илиевски 12’ 17’ Оливер Бошковски 38’ Лазар Божиновски 30’
МРТ: Мартин Фотевски 15’ Марко Мицевски 36’
Тринаесетото коло од Бизнис Лигата на Македонија ја отворија екипите на Фабрика Карпош и МРТ. Екипата на Фабрика Карпош ја имаше улогата на фаворит во овој дуел и со офанзивна игра често се закануваше кон голот на противникот. Екипата на МРТ ги затвори пристапите до својот гол и не дозволуваше лесна реализација на противникот. Екипата на Фабрика Карпош во 11та минута успеа да го отвори резултатот со погодокот на Илиевски, но само неколку минути подоцна Фотевски кај МРТ успеа да израмни на 1-1. До крајот на полувремето екипата на Фабрика Карпош преку вториот погодок на Илиевски успеа да дојде до минимална предност од 2-1. Во второто полувреме екипата на Фабрика Карпош продолжи со одлична игра и успеа да зголеми на 3-1 со погодокот на Божиновски во 30та минута. Екипата на МРТ преку Мицевски успеа да намали на 3-2 но немаше сили за пресврт па екипата на Фабрика Карпош славеше со 4-2.

Во инфаркт завршница екипите на ЕЛЕМ и Леорон до реми
ЕЛЕМ 5-5(4-1) Леорон
ЕЛЕМ: Тихомир Груевски 3’ Шкиприм Руфати 7’ 8’ 28’ Александар Николовски 3’
Леорон: Јетмир Брути 2’ Амет Исмаили 29’ Мохамед Сабра 23’ 25’ Аддас Рамадани 38’
Одличен почеток на екипата на Леорон во дуелот со ЕЛЕМ, тие уште во 2та минута преку Брути успеаа да поведат со 0-1. По ова рано водство на противникот екипата на ЕЛЕМ успеа да ги консолидира своите редови и веќе во Следната минута успеаа да дојдат до израмнување а потоа и целосен резултатски пресврт од 2-1. Како одминуваше времето екипата на ЕЛЕМ успеваше да ги најде дупките во одбраната на противникот и ја зголемуваше својата предност која на полувремето изнесуваше 4-1. Во второто полувреме екипата на Леорон во своите редови внесе голман играч тактика која се покажа како вистински избор, тие од минута во минута ја топеа предноста на ЕЛЕМ и во самата завршница на натпреварот успеаа да дојдат до израмнување на 5-5 што ја направи завршницата на овој натпревар вистинска драма. Во ваквата драматична завршница ниту една од екипите не успеа резултатски да се одвои па екипите ги поделија бодовите.

Матрикс со сигурно второ полувреме до победата над Кромберг и Шуберт
Кромберг и Шуберт 2-5(1-2) Матрикс
Кромберг и Шуберт: Ристе Станковски 37’ Милан Тодоровски 2’
Матрикс: Драган Брњарчевски 6’ Ивица Алампиоски 40’ Тони Брњарчевски 29’ 30’ Даниел Крстевски 18’
Одличен почеток на екипата на Кромберг и Шуберт во дуелот со Матрикс, тие од самиот почеток успеаа да го изненадат противникот и поведат со 1-0. Екипата на Матрикс брзо успеа резултатскид а се врати во натпреварот и преку Брњарчевски успеа да израмни на 1-1. Екипите играа егал натпревар на теренот иако имаа неколку одлични шанси голманите денес беа на ниво на задачата па не дозволуваа лесни погодоци. Во финшот од полувремето екипата на Матрикс успеа да дојде до целосен резултатски пресврт и водство од 1-2 резултат со кој се замина на паузата. Во второто полувреме екипата на Кромберг и Шуберт во своите редови внесе голман играч со цел да створи вишок во нападот но екипата на Матрикс го искористи ова за преку брзи контра напади успее да ја зголеми предноста на 1-4. Екипата на Кромберг и Шуберт се обидуваше да најде решение за денес расположените Матрикс но успеа само да ја намали резултатската негатива но не и да дојде до шанса за нешто повеќе. Екипата на Матрикс славеше на крајот од овој дуел со резултат од 2-5.