Нетцетера 3-5(3-2) Кромберг & Шуберт
Нетцетера: Евгениј Костадинов 1’, Мирослав Радиќ 2’, Дарко Ристовски 15’
Кромберг & Шуберт: Иве Трифуновски 14’ 28’ 31’, Александар Крстевски 8’ 40”
Експлозивен почеток на на екипата на Нетцетера во дуелот со Кромберг & Шуберт. Уште во 1та минута, по одлично изработена акција, Костадинов постигна гол за водство на Нетцетера од 1-0. По неполна минута на него му се придружи соиграчот Радиќ 2” со што Нетцетера поведе со 2-0. Ваквата игра на Нетцетера ја примора екипата на Кромберг & Шуберт да ја зацврсти играта задните редови и воедно да посвети поголема концентрација во делот на нападот. Екипата на Кромберг & Шуберт користејќи го голманот како голман-играч ги консолидира своите редови, и преку добро организиран контра напад дојде до погодок во реализација на Крстевски 8”, со што резултатски се приближи до Нетцетера со резултат 2-1. По краток тајмаут, екипатана Кромберг & Шуберт ја превзеде иницијативата во свои раце и во 14” со погодок во реализација на Трифуновски дојде до израмнување на резултатот на 2-2. По неполна минута голманот на Нетцетера, Ристовски 15”, при одлична одбрана и со дофрлање преку целиот терен кон голот и повторно го врати водството на својата екипа на 3-2, резултат со кој се отиде на полувремето. Во второто полувреме екипата на Кромберг & Шуберт ги консолидира своите редови и преку денес одличниот Трифуновски успеа да дојде до израмнување на резултатот, а во 31та минута и до целосен резултатски пресврт. Екипата на Нетцетера се обиде резултатски да се врати во натпреварот внесувајчи во своите редови голман играч, но екипата на Кромберг & Шуберт беше одлична во одбраната и успеваше да ја сочува својата предност за на крајот од овој натрпевар да дојде до победа со резултат од 3-5
LC Waikiki со тимска игра до победа над Макстил
LC Waikiki 4-2(2-2) Макстил
LC Waikiki: Ергин Алими 6”, Адмир Халилович 7”, Мустафа Мустафа 26’ 29’
Макстил : Цветанчо Милошевски 19’, Мартин Лазев 20’
Интересно прво полувреме одиграа екипите на LC Waikikiи Макстил, двете екипи од самиот почеток на полувремето започнаа со отворена и брза игра. Екипата на LC Waikiki прва го отвори резултатот во 6та минута преку погодокот на Алими, на кого веќе во следниот напад му се приклучи и Халилович за водство од 2-0. По оваа негатива екипата на Макстил ги консолидира своите редови и започна со силен притисок кон противничкиот гол. Екипата на LC Waikiki успеваше да ги одолее нападите на Макстил се до завршницата на полувремето кога Макстил преку Милошевски и Лазев успеа да дојде до израмнување на 2-2 резултатот со кој се замина на паузата. Во второто полувреме екипата на LC Waikiki повторно ја превзема иницијативата и кон средината на второто полувреме успеа да дојде до повторна предност преку Мустафа. LC Waikiki со вториот погодок на Мустафа успеа да ја зголеми предноста на 4-2, екипата на Макстил започна со поотворена игра со цел резултатски да се врати во натпреварот но LC Waikiki одлично ја постави одбраната не дозволи екипата на Макстил да дојде до отворена позиција за гол па на крајот славеше со 4-2.
Во дерби натпревар Аптив и Bestway Solution ги поделија бодовите
Аптив 5-5(2-2) Bestway Solution
Аптив: Александар Марковски 12”24’ 29’ Владимир Јовановски 16” Љубиша Кузмановски 21″
Bestway Solution: Марко Неделковски 4” 7”22’ 40’ Виктор Божовиќ 36’
Екипата на Bestway Solution уште во раната фаза од натпреварот постигна гол и поведе над екипата на Аптив. Тие продолжија со игра во високо темпо на игра што им донесе зголемување на предноста во 7та минута од 0-2 преку погодокот на Неделковски. Екипата на Аптив по оваа негатива успеа да притисне кон голот на противникот и во 12та минута да намали на 1-2 со погодокот на Марковски. До крајот на полувремето екипата на Аптив вршеше константен притисок кон голот на Bestway Solution што им донесе израмнување на резултатот во 16та минута од полувремето со одлична реализавија на Јовановски. До полувремето двете екипи имаа одлични шанси но ниту една од екипите не успеа резултатски да се одвои па на паузата заминаа со израмнет резултат. Во второто полувреме екипата на Аптив имаше брза реализација и успеа да дојде до целосен резултатски пресврт со погодокот на Бранислав Јовановски. Екипата на Bestway Solution веќе во следниот напад преку денес одличниот Неделковски кој ги постигна сите голови за неговата екипа успеа да дојде до повторно израмнување. Сепак екипата на Аптив со чести ротации во својот состав успеваше да одржува високо темпо на игра и повторно да дојде до два гола предност при резултат од 5-3, но екипата на Bestway Solution не се откажуваше од овој натпревар и со одлична завршница успеа да дојде до израмнување на 5-5.
Фабрика Карпош – ГИМ не дозволи изненадување и славеше над ЈСП
Фабрика Карпош – ГИМ 6-3(2-0) ЈСП
Фабрика Карпош – ГИМ: Филип Илиевски 4” 13” 27’ Георги Божиков 21’ 31’ Виктор Јовановски 33’
ЈСП : Филип Колеќески 29’ 30’ Мартин Ливрински 23’
Интересно прво полувреме одиграа екипите на Фабрика Карпош – ГИМ и ЈСП, двете екипи во овој натпревар влегоа силно мотивирани со акцент ставен на офанзивната игра. Екипата на Фабрика Карпош – ГИМ прва го отвори натпреварот уште во раната фаза со погодокот на Илиевски во 4та минута и поведе со 1-0. Екипата на ЈСП по оваа негатива притисна во предно поле и често се закануваше кон голот на противникот, но Фабрика Карпош – ГИМ одлично ја постави својата одбрана и со голманот Јоноски не дозволи лесни погодоци. Фабрика Карпош – ГИМ ја казни слабата реализација на ЈСП па Илиевски со вториот погодок успеа да зголеми предноста на 2-0 резултат со кој се замина на паузата. Во второто полувреме екипата на Фабрика Карпош – ГИМ продолжи со одлична игра и зголемување на предноста, екипата на ЈСП во втората половина од полувремето успеа да ги консолидира своите редови и започна да ја топи резултатската предност на противникот и успеа да дојде до само еден гол негатива и резултат од 4-3 што ја направи завршницата на овој натпревар вистинска драма. Во ваквата драматична завршница екипата на Фабрика Карпош – ГИМ не дозволи екипата на ЈСП да дојде до целосен пресврт, а со брзи контра напади Фабрика Карпош – ГИМ ја осигура победата со резултат од 6-3.