ВДЛ Ван Хоол 3-1(0-0) Кромберг & Шуберт
ВДЛ Ван Хоол: Валентино Трајковски 23’ 28’ Димче Андов 36’
Кромберг & Шуберт: Александар Крстевски 24’
Второто коло од супер лигата го отворија екипите ВДЛ Ван Хоол и Кромберг & Шуберт, двете екипи одлично го започнаа овој натпревар со цврста игра и одлична одбрама. Екипите често успеаваа да дојдат до изгледни шанси за погодок но голманите денеска беа на ниво на задачата и не дозволија лесни погодоци. Како одминуваше времето темпото на игра се зголемуваше и се чекаше на грешка на противникот за да се отвори резултатот. Со ваквата израмнета игра ниту една од екипите не успеа резултатски да се одвои па на паузата се замина со резултат од 0-0. Во второто полувреме екипите имаа фуриозен старт, со брзи контра напади и офанзивна игра често се закануваа кон голот напротивникот. Екипата на ВДЛ Ван Хоол во 23та минута со погодок на Трајковски успеа да поведе со 1-0, екипата на Кромберг & Шуберт успеа брзо да возврати со погодокот на Крстевски и да ја врати неизвесноста во натпреварот. Во вака цврст натпревар екипата на ВДЛ Ван Хоол имаше подобра реализација па со погодоците на Трајковски и Андов успеа да стекне предност од 3-1. Екипата на Кромберг & Шуберт вршеше силен притисок кон голот на противникот но ВДЛ Ван Хоол со одлична игра во одбраната ја сочува резултатската предност и славеше во овој дуел со резултат од 3-1.
ЕЛЕМ со одлична игра до сигурна победа над Окта
ЕЛЕМ 7-4(4-2) Окта
ЕЛЕМ: Синиша Ковачевиќ 28’ 30’ Душан Спасеновски 7’ 13’ 18’ Тихомир Груевски 4’ Владе Јанакиевски 40’
Окта: Иван Димитриевски 3’ 40’ Иван Мицевски 13’ 32’

Интересно прво полувреме одиграа екипите на ЕЛЕМ и Окта, двете екипи започнаа со динамичен и отворен фудбал. Екипата на Окта во 3та минута со погодокот на Димитриевски успеа да го отвори резултатот и да поведе со 0-1, екипата на ЕЛЕМ имаше брз одговор и со погодокот на Груевски успеа да го израмни резултатот на 1-1. Екипата на ЕЛЕМ продолжи со одлична игра и со два погодоци на Спасеноски успеа да дојде до целосен резултатски пресврт и предност од 3-1. До крајот на полувремето двете екипи успеаа да постигнат по еден погодок и ЕЛЕМ со предност од 2 погодоци 4-2 замина на паузата. Во второто полувреме екипата на Окта со офанзивна игра се обидуваше да дојде до намалување на резултатската предност користејќи го својот голман како голман играч успеваше да створи вишок во нападот и често да се заканува кон голот на противникот. Екипата на ЕЛЕМ успеа да ја искористи отворената игра на Окта и преку брз контра напад успеа да ја зголеми резултатската предност. Екипата на Окта продолжи со цврста игра и борбеност до самата завршница но ЕЛЕМ со одлично поставена одбрана не дозволи на противникот да направи нешто повеќе. Екипата на ЕЛЕМ не дозволи изнендување ја сочува предноста и на крајот славеше со резултат од 7-4.
Во цврст натпревар Фабрика Карпош – ГИМ и Аџибадем Систина ги поделија бодовите
Фабрика Карпош – ГИМ 2-2(2-2) Аџибадем Систина
Фабрика Карпош – ГИМ: Јован Јанковски 13’ 19’
Аџибадем Систина: Даниел Боневски 10’ Ивица Петровски 17’

Израмнето прво полувреме помеѓу екипите на Фабрика Карпош – ГИМ и Аџибадем Систина, двете екипи влегоа цврсто во овој натпревар. Екипата на Фабрика Карпош – ГИМ врешеше силен притисок кон голот на противникот но екипата на Аџибадем Систина успешно ги одбиваше нападите, а преку брзи контра напади се закануваше на спротивниата страна. Аџибадем Систина го отвори резултатот во 10та минута од полувремето со погодокот на Боневски, ова ја примора екипата на Фабрика Карпош да продолжи со офанзивна игра и силен притисок. Ваквата игра вроди со плод во 13та минута кога Фабрика Карпош – ГИМ преку Јанковски успеа да израмни на 1-1. До крајот на полувремето и двете екипи успеаа да постигнат по еден гол па на паузата се замина со резултат од 2-2. Во второто полувреме двете екипи продолжија со одлична егал игра, на двете страни се доаѓаше до отворени шанси за погодок но голманите во овој натпревар беа на ниво на задачата и не дозволуваа лесен погодок. Како одминуваше времето се зголемуваше темпото на игра што ја направи пеколна завршницата на овој натпревар. Екипата на Фабрика Карпош – ГИМ во своите редови внесе голман играч, сепак Аџибадем Систина го издржи притисокот и на крајот екипите ги поделија бодовите.
Во егал натпревар Матрикс и Атлантик Груп ги поделија бодовите
Матрикс 5-5(1-1) Атлантик Груп
Матрикс: Драган Брњарчевски 29’ Тони Брњарчевски 22’ 24’ Даниел Боневски 22’ Виктор Петровски 11’
Атлантик Груп: Далибор Тасевски 31’ Благојче Јовчевски 33’ Љупчо Павковиќ 19’ Благојче Стојановски 25’ 36’

Динамично прво полувреме одиграа екипите на Матрикс и Атлантик Груп, двете екипи со сериозен пристап влегоа во овој натпревар. Екипата на Матрикс прва започна со поофанзивна игра и се почесто се закануваше кон голот на противникот, ваквата игра на средината на полувремето им донесе предност од 1-0 со погодокот на Петровски. Ова дополнително ја мотивира екипата на Матрикс која продолжи со цврста игра и често доаѓаше до шанси за погодок но имаше слаба реализација. Екипата на Матрикс не успеа да реализира пенал што Атлантик Груп го казни на спротивната страна па со погодокот на Павковиќ во 19та минута успеа да израмни на 1-1 резултат со кој се замина на полувремето. Во второто полувреме екипата на Матрикс успеа да ја скрши одбраната на Атлантик Груп и со три погодоци во низа успеа да дојде до предност од 4-1. Екипата на Атлантик Груп ги консолидира своите редови и од минута во минута ја топеше резултатската негатива која во завршницата на овој натпревар дојде до само еден гол при резултат од 5-4. Во ваквата драматична завршница екипата на Атлантик Груп успеа да дојде до израмнување на резултатот на 5-5 па екипите ги поделија бодовите.