Окта 4-4(2-3) ТАВ
Окта: Бојан Станковиќ 11’ Александар Јовчевски 19’ Иван ДИмитриевски 26’ Владислав Илиќ 29’
ТАВ: Алексо Новевски 6’ Бејтула Јакупи 9’ 39’ Сабри Лесковица 16’
Интересно прво полувреме одиграа екипите на Окта и ТАВ, двете екипи во овој натпревар влегоа со отворена игра и акцент ставен на нападот. Прва до водство дојде екипата на ТАВ во 6та минута од полувремето со погодокот на Новески за водство од 0-1, а само неколку минути подоцна со погодокот на Јакупи го зголеми водството на 0-2. По оваа негатива екипата на Окта преку погодок на Станкович успеа да ја намали резултатската негатива на 1-2, сепак екипата на Тав со погодокот на Лесковица успеа повторно да ја зголеми предност. До крајот на полувремето двете екипи играа цврст фудбал и прикажаа одлична игра на теренот, во самата завршница на полувремето екипата на Окта преку Јовчевски намали на 2-3 реултат со кој се замина на полувремето. Во второто полувреме двете екипи продолжија со израмнета игра и имаше одлични шанси на двете страни, екипата на Окта успеа да го израмни резултатот во 26та минута со одличен погодок на голманот Димитриевски. До крајот на натпреварот двете екипи ги користеа своите голмани како голман играчи со цел да дојдат до резултатска предност, но ниту една од екипите не успеа резултатски да се одвои па со резултат од 4-4 на крајот од овој натпревар ги поделија бодовите.
Нухиу со 6 погодоци и ја донесе победата на УНИКА во дуелот со Тиквеш
УНИКА 7-3(3-0) Тиквеш
УНИКА: Арбен Нухиу 1’ 3’ 20’ 23’ 28’38’ Донард Бајрами 36’
Тиквеш: Александар Ристевски 29’ Делчо Кировски 30’ Амар Елмази 35’
Екипата на УНИКА уште на самиот старт од натпреварот имаше одличен почеток во дуелот против екипата на Тиквеш. Екипата на УНИКА уште во првата минута од натпреварот успеа да дојде до водство од 1-0, во раната фаза од полувремето екипата на УНИКА продолжи со притисок кон голот на Тиквеш и успеа да го зголеми водството со вториот погодок на Нухиу. Кај екипата на Тиквеш беше воочлива кратката клупа и немањето играч повеќе што УНИКА вешто го искористи за со високо темпо на игра успева да го зголемува водството кое до полувремето изнесуваше 3-0. Во второто полувреме кај УНИКА блесна Нухиу кој од минута во минута го зголемуваше водството на својата екипа кое до 28та минута изнесуваше високи 5-0. Екипата на Тиквеш успеа да возврати и да ја намали резултатската негатива со погодоците на Ристевски Кировски и Елмази дојде до само два погодоци негатива и резултат од 5-3 во 35та минута од натпреварот. Сепак екипата на УНИКА до крајот на натпреварот успеа да ја сочува предноста и зголеми предноста ја имаше контролата врз играта и резултатот и на крајот од овој натпревар славеше со 7-3.