Бизнис лига: ВДЛ Ван Хоол со одлична реализација до победа над Окта

by riste
4 минути читање
Бизнис лига

ВДЛ Ван Хоол 7-0(3-0) Окта

ВДЛ Ван Хоол: Александар Наумовски 2” 26”, Валентино Трајковски 4” 31”, Даниел Стаменковски 10” 27”, Живе Ѓорѓиевски 32”

Екипата на ВДЛ Ван Хоол одлично го отвори дуелот со Окта и уште во раната фаза од натпреварот, во втората минута успее да поведе со гол во реализација на Наумовски за предност од 1-0. По неполни две минути игра Трајковски со одлично изработена акција успеа да му се предружи на соиграчот Наумовски и со гол во 4” минута му донесе водство на ВДЛ Ван Хоол од 2-0. Екипата на Окта со чести измени се обидуваше да фати приклучок во овој натпревар како би можела да го смени текот на истиот, но ВДЛ Ван Хоол имаше одлична поставеност, пред се во делот на нападот, па така Стаменковски во 10” успеа да го зголеми водството на 3-0, резултат со кој се отиде на полувремето.
Во второто полувреме екипата на ВДЛ Ван Хоол продолжи да игра во ист ритам. Окта се обидуваше да наметне своја игра но ВДЛ Ван Хоол не дозволи изненадување, продолжи со одличната реализација и од минута во минута го зголемуваше водството кое на крајот од овој натпревар изнесуваше високи 7-0.

Во исклучително возбудлив натпревар екипите на Фабрика Карпош – ГИМ и Халк Банка ги поделија бодовите

Фабрика Карпош – ГИМ 2-2(0-2) Халк Банка

Фабрика Карпош – ГИМ: Оливер Бошковски 24”, Лазар Божиновски 30”

Халк Банка: Алпер Тахир 6”, Мартин Дамевски 18”

Во првото полувреме екипата на Халк Банка прикажа одлична игра, играјќи смирено во делот на нападот со долги напади кои беа техничко-кактички одработени. Во 6” Халк Банка успеа преку Тахир да дојде до предност од 0-1. Екипата на Во исклучително возбудлив натпревар екипите на Фабрика Карпош – ГИМ и Халк Банка ги поделија бодовите. Се обиде со притисок во предно поле да направи резултатски пресврт но неуспеа па во самиот финиш од полувремето Дамевски со маестрален погодок, и донесе предност на Халк Банка од 0-2, резултат со кој се отиде на полувремето.
Во второто полувреме екипата на Фабрика Карпош – ГИМ заигра по агресивно и со притисок во предно поле успеа преку Бошковски 24” да намали на 1-2. Халк Банка имаше неколку отворени шанси за гол, но не успеа да ги реализира по што следеше одговор од екипата на Фабрика Карпош – ГИМ која во 30” преку Божиновски го израмни резултатот на 2-2. Во понатамошниот дел од натпреварот, иако се играше офанзивен фудбал, ниедна од екипите не успеа да постигне гол па на крајот од овој натпревар и двете екипи ги поделија бодовите.

Лукоил со максимално сериозен пристап до победа над Glass LUX

Glass LUX 4-12(2-6) Лукоил

Glass LUX: Давид Блажевски 18” 23”, Александар Спасовски 20”, Александар Ристовски 36”

Лукоил: Лоренцо Николовски 4”, Александар Георгиевски 7” 12”, Горан Стојанов 16” 20” 27” 29”, Димират Иванов 17” 34”, Петар Лефков 21” 25”, Марио Антевски 25”

Екипата на Лукоил влезе доста мотивирано во дуелот со Glass LUX. Уште од самиот старт влегоа со максимално сериозен пристап. Екипата на Лукоил уште во 4” преку Николовски успеаа да дојдат до предност од 0-1. Во понатамошниот дел од полувремето, проработе дуото Стојанов- Георгиевски, кој со четири гола успеа да му донесе резултатска предност на Лукоил. Екипата на Glass LUX преку дуото Блажевски-Спасовски во самиот финиш од полувремето возврати со два погодоци со што ја намали предноста на Лукоил на 2-6, резултат со кој се отиде на полувремето.
Во второто полувреме Лукои продолжи во ист ритам. Glass LUX се обиде со чести измени и притисок во предно поле да го смени текот на играта кој но искусниот Лукоил не дозволи изненадување па на крајот славеше со високи 12-4.

Можно е и ова да ти се допаѓа

@2024 – Сите права задржани