Аџибадем Систина под водство на Алмеровиќ до победа над Макстил
Аџибадем Систина 2-1(0-0) Макстил
Аџибадем Систина: Кристијан Димковски 23’ 26’
Макстил: Бојковски Бобан 38’

Екипите на Аџибадем Систина и Макстил во висок ритам и одлична игра го отворија четиринаесеттото коло од Бизнис Лигата на Македонија. Екипите играа цврсто на средината на теренот и својата шанса ја чекаа на грешка на противникот, но екипите одлично ја поставија одбраната па од таму и малкуте шанси за погодок. Како одминуваше времето темпото на игра се зголемуваше и екипите се почесто доаѓаа до шанса за реализација, но голманите беа на ниво на задачата па во ова прво полувреме мрежите мируваа. Во втората половина од натпреварот кај екипата на Аџибадем Систина блесна Кристијан Димковски кој со удар од далечина успеа да го изненади протиничкиот голман и во 23та минута успеа да донесе водство на својата екипа од 1-0. Само неколку минути подоцна Димковски со втор погодок зголеми на 2-0, оваа негатива ја примора екипата на Макстил да го подигне темпото на игра и се почесто да се заканува кон голот на противникот. Во финишот на натпреварот екипата на Аџибадем Систина по груб старт остана со играч помалце што на Макстил им даде шанса да ја намали негативата преку Бојковски само две минути пред крајот на натпреварот ова ја направи завршницата во овој натпревар вистинска драма. Во ваквата драматична завршница екипата на Систина успеа да ја сочува предноста и да слави на крајот со 2-1.
Во отворен фудбал Кромберг & Шуберт до победа над ТАВ
Кромберг & Шуберт 7-4(3-0) ТАВ
Кромберг & Шуберт: Александар Крстевски 19’ 38’ Пеце Наумовски 30’ Зоран талевски 22’ Никола Симоновски 32’ Момировски Игор 10’ Ралевски Благојче 14’
ТАВ: Седат Сали 34’ 36’ Сабри Лесковица 31’ 32’

Во брз и динамичен ритам започна натпреварот помеѓу екипите на Кромберг & Шуберт и ТАВ. Двете екипи во овој натпревар влегоа силно мотивирани и со отворен стил на игра често се закануваа ко противничкиот гол. Екипата на Кромберг & Шуберт прва го отвори резултатот и со погодокот на Момировски успеа да поведе со 1-0. По оваа негатива екипата на ТАВ користејќи го голманот како голман играч створи вишок во нападот и се почесто се неоѓаше пред голот на противникот но со ваквата отворена игра заборави на одбраната, што Кромберг & Шуберт преку Ралевски го искористи за зголемување на водството. До крајот на полувремето екипата на Кромберг & Шуберт ја зголеми предноста на 3-0 резултат со кој се замина на полувремето. Во второто полувреме екипата на Кромберг & Шуберт продолжи со одлична игра и од минута во минута го зголемуваше водството кое до 30та минута изнесуваше високи 5-0. Екипата на ТАВ успеа да ги консолидира своите редови и преку Сали и Лесковица успеа да ја стопи резултатската негатива. Сепак екипата на Кромберг & Шуберт ја затегна играта во одбраната не ја прокоцка големата предност и на крајот славеше со 7-4
УНИКА сигурна во дуелот против Аптив
Аптив 3-6(1-3) УНИКА
Аптив: Александар Марковски 25’ Дамјан Хрдличка 39’ Стефан Петрушевски 3’
УНИКА: Арбен Нухиу 28’ Аднан Лимани 26’ Шабан Чупи 9’ Рони Адеми 2’ 20’ 30’

Одлично прво полувреме прикажаа екипите на Аптив и УНИКА. Екипата на УНИКА прва ја превзема иницијативата и преку Адеми успеа да дојде до рано водство. Екипата на Аптив одговори преку Петруштевски за изарамување на 1-1 во 3та минута. По овие воведни погодоци екипите на теренот имаа по неколку одлични шанси за погодок но голманите беа на ниво на задачата, се до 9та минута кога УНИКА преку Чупи дојде до повторно водство од 1-2. До крајот на полувремето екипата на УНИКА успеа да ја золеми предноста и на паузата да замине со резултат од 1-3. Во второто полувреме екипата на Аптив преку Марковски успеа да намали на 2-3 и да дојде до само еден гол негатива, но УНИКА не дозволи пресврт па преку Лимани и Нухиу повторно успеа да ја зголеми предноста на 2-5. Како одминуваше времето екипата на Аптив се обидуваше се отворена игра резултатски да се врати во натпреварот но УНИКА не дозволи изненадување и на крајот славеше со 3-6.