Леар 5-6(5-3) Тиквеш
Леар:Тоше Зафировски 14’ Робертино Златевски 3’ Борче Јовановски 13’14’ Петар Стојковски 10’
Тиквеш: Дамјан Петревски 18’ 26’ 32’ Деко Марковски 17’ Амар Елмази 8’ 40’
Интересно прво полувреме одиграа екипите на Леар и Тиквеш. Екипата на Леар го отвори натпреварот со погодокот на Златевски во 5та минута, екипата на Тиквеш успеа да ги консолидира своите редови и во 8та минута со погодокот на Елмази успеа да израмни на 1-1. Во продолжението на полувремето екипата на Леар успеа со офанзивна игра и одлична реализација резултатски да се одвои и да поведе со 5-1 до 14та минута од полувремето. Екипата на Тиквеш во своите редови го внесе Кировски како голман играч тактика која вроди со плод и до полувремето ја намали резултатската негатива на 5-3 резултат со кој се замина на паузата. Во второто полувреме екипата на Тиквеш продолжи со одлична игра и успеа да дојде до израмнување на резултатот на 5-5 со два погодоци на Петревски што ја направи завршницата на овој натпревар доста неизвесна. Во ваквата завршница двете екипи имаа по неколку одлични шанси за реализација но екипата на Тивеш беше таа која со погодокот на Елмази успеа да дојде до предност и победа во овој дуел со резултат од 5-6.
Петрушевски со хет-трик ги водеше Аптив до победа над Гранит
Гранит 4-5(2-4) Аптив
Гранит: Николче Глигуровски 40’ Мартин Фотевски 4’ Виктор Нацев 9’ 37’
Аптив: Љубиша Кузмановски 2’ Марио Настевски 20’ Стефан Петрушевски 6’ 10’ 27’

Одличен почеток на екипата на Аптив во дуелот со Гранит, тие уште во 2та минута со погодокот на Кузмановски успеаа да го отворат резултатот. По оваа негатива екипата на Гранит успеа брзо да ги консолидира своите редови и со погодок на Фотевски во 4та минута успеаа да го израмнат резултатот. Во продолжението од полувремето екипата на Аптив со започна со офанзивна игра и со одлична завршница успеа да стекне резултатска предност. До крајот на полувремето екипата на Гранит не успеа да ја нулира предноста на Аптив кои на паузата заминаа со предност од 2-4. Во второто полувреме екипата на Гранит во своите редови внесе голман играч со цел да створи вишок во нападот и да успеа резултатски да се врати во натпреварот но екипата на Аптив одлично ја постави одбраната и со брзи контра напади узпеваше да ја одржи резултатската предност. Екипата на Гранит која денес беше со кратка клупа и речиси без измени не успеваше да парира на расположените Аптив кои на крајот од овој натпревар славеа со резултат од 4-5.
С.Ц. Борис Трајковски со колективна игра до победата над Стопанска Банка
Стопанска Банка 3-8(0-4) С.Ц. Борис Трајковски
Стопанска Банка: Марко Ташков 23’ 29’ 32’
С.Ц. Борис Трајковски: Владимир Мојсовски 35’ 40’ Данијел Апостоловски 34’ 39’ Борис Чурлинов 13’ 18’ Горан Андоновски 12’ 20’

Израмнето прво полувреме одиграа екипите на Стопанска Банка и С.Ц. Борис Трајковски, двете екипи во овој натпревар влегоа со сериозен пристап и со одлична игра на средината на теренот. Екипите во првото полувреме чекаа на грешка на противникот за преку брз контра напад да успеаат да го изненадат противникот и да реализираат. Екипата на С.Ц. Борис Трајковски во 12та минута со погодокот на Андоновски успеа да го отвори резултатот и да поведе со 0-1, ова и даде дополнителен мотив на екипата на С.Ц. Борис Трајковски која успеа да го золеми водството на 0-2. Екипата на Стопанска Банка не успеваше да најде решение за одличната игра на С.Ц. Борис Трајковски која до полувремето успеа да ја зголеми предноста и на паузата да замине со предност од 0-4. Во второто полувреме екипата на Стопанска Банка ги консолидира своите редови и од минута во минута ја стопи резултатската предност на С.Ц. Борис Трајковски па во 32та минута од натпреварот успеа да дојде до само еден гол негатива и резултат од 3-4. Сепак екипата на С.Ц. Борис Трајковски не дозволи противникот да дојде до целосен резултатски пресврт па на крајот од овој дуел славеше со 3-8.