Бизнис лига: Макпетрол со колективна игра до победа над ТАВ

by riste
6 минути читање

Макпетрол 7-1(3-0) ТАВ

Макпетрол: Мишо Ѓоргиовски 25’ Баже Тодоровски 28’ Никола Секуловски 2’ 19’ Небојша Прленда 26’ Давид Митровски 10’ 40’

ТАВ: Сабри Лесковица 33’

Со натпреварот помеѓу екипите на Макпетрол и ТАВ започна првото коло од Супер Лигата, двете екипи во овој натпревар настапија со сериозен пристап и атакуваа на бодовите. Екипата на Макпетрол прва успеа да го отвори резултатот со погодокот на Секуловски во 2та минута од натпреварот, ова ја примора екипат ана ТАВ да заигра поофанзивно и се почесто да се заканува кон голот на противникот. Ваквата отворена игра ја искористи екипата на Макпетрол за да ја зголеми резултатската предност, екипата на ТАВ со кратката клупа и немањето играч во ротација не успеваше да го одржи високот темпо на игра па на паузата Макпетрол замина со предност од 3-0. Во второто полувреме екипата на Макпетрол продолжи со брза и динамична игра и користејќи ја кратката клупа на ТАВ наметна високо темпо на игра. Ваквата игра им донесе зголемување на резултатската предност, од минута во минута тие ја зголемуваа предноста која до 33тга минута изнесуваше 6-0. Екипата на ТАВ успеа да реализира за само да ја намали разликата со погодокот на Ласковица, но сепак Макпетрол ја имаше контролата и врз играта и резултатот па на крајот славеше со 7-1.

Во цврст натпревар ЈСП и Кромбер и Шуберт ги поделија бодовите

ЈСП 2-2(2-1) Кромберг & Шуберт

ЈСП: Гоце Крстевски 12’ Мартин Ливрински 14’

Кромберг & Шуберт: Александар Крстевски 35’ Иве Трифуновски 13’

Израмнето прво полувреме прикажаа екипите на ЈСП и Кромберг и Шуберт, двете екипи со цврста и израмнета игра на средината на теренот ја бараа својата шанса на грешка на противникот. Екипата на ЈСП прва го отвори резултатот со погодокот на голманот Крстевски во 12та минута од полувремето, ова ја примора екипата на Кромбер и Шуберт да притисне кон голот на противникот и во 13та успеа да преку Трифуновски успеа да го израмни резултатот на 1-1. До крајот на полувремето екипата на ЈСП успеа да реализира уште еден погодок и на паузата да замине со предност од 2-1. Во второто полувреме екипата на Кромбер и Шуберт ги зацврсти своите редови и се почесто се закануваше кон голот на противникот, сепак екипата на ЈСП одлично ја постави играта во одбраната и не дозволуваше лесен погодок. Како се ближеше крајот на натпреварот екипаа на Кромбер и Шуберт го зголемуваше темпото на игра па во 35та минута со погодокот на Крстевски успеаа да дојдат до израмнување на резултатот на 2-2 што ја направи завршницата на натпреварот вистинска драма. Во ваквата завршница ниту една од екипите не успеа резултатски да се одвои па со резултат од 2-2 екипите ги поделија бодовите.

Димковски ја водеше Аџибадем Систина до победа над Матрикс

Матрикс 4-7(2-2) Аџибадем Систина

Матрикс: Кристијан Димковски 20’ 27’ 33’ 36’ Игор Ѓорѓиевски 13’ Диме Стевковски 38’ Дамјан Јовчевски 25’

Аџибадем Систина: Предраг Стојмировиќ 28’ Ивица Алампиовски 19’ Тони Брњарчевски 9’ Даниел Боневски 35’

Интересно прво полувреме прикажаа екипите на Матрикс и Аџибадем Систина. Од самиот старт на натпреварот двете екипи играа одлична игра со фокус на цврста одбрана и брзи контра напади. Ваквата игра кај екипата на Матрикс им донесе водство во 9та минута од полувремето со погодокот на Брњарчевски, ова ја примора екипата на Аџибадем Систина да заигра поофанзивно што им донесе израмнување во 13та минута со погодокот на Ѓоргиевски. До крајот на полувремето двете екипи успеаа да постигнат уште по еден погодок и на полувремето да заминат со израмнет резултат од 2-2. Во второто полувреме екипата на Аџибадем Систина имаше одличен старт и со два погодоци во низа на Димковски и Јовчевски успеа резултатски да се одвои и да поведе со 2-4. Екипаа на Матрикс не дозволуваше противникот резултатски да се одвои и со одлични погодоци на Стојмировиќ и Боневски ја одржуваше резултатската неизвесност во овој натпревар. До крајот од натпреварот екипата на Аџибадем Систина успеа да искористи поголем дел од своите шанси и да ја осигура победата во овој дуел при резултат од 4-7.

УНИКА преку Лимани до сигурна победа над Корпа

Корпа 6-11(3-4) УНИКА

Корпа: Анел Курт 20’ Никола Спасовски 13’ 15’ 40’ Мартин Илиевски 27’ Кристијан Велковски 38’

УНИКА: Доналд Бајрами 32’ 39’ Аднан Лимани 9’ 17’ 24’ 30’ 33’ 40’ Беким Љута 19’ Рони Адеми 2’ Арбен Нухиу 40

Одличен почеток на екипата на УНИКА во дуелот со Корпа, тие уште во првата минута од натпреварот успеаа да реализираат за брзо водство од 0-1. По оваа негатива екипата на Корпа се обидуваше со силен притисок да дојде до погодок, но УНИКА со брзи контра напади успеа да искористи грешка во одбраната на противникот и да зголеми на 0-2 со погодокот Лимани. Екипата на Корпа по оваа негатива од два погодоци ги консолидира своите редови и со два погодоци на Спасовски успеа да дојде до израмнување на резултатот од 2-2. До крајот на полувремето екипата на УНИКА преку Љута успеа да дојде до повторно водство и да ја одржи предноста од еден гол па паузата да замина со предност од 3-4. Во второто полувреме се продолжи со изендачена игра и ниту една од екипите не успеваше резултатски да се одвои. Во завршницата на натпреварот екипата на УНИКА успеа да изврши силен притисок кон голот на Корпа и преку расположениот Лимани да дојде до предност и победа со резултат од 6-11.

Можно е и ова да ти се допаѓа

@2024 – Сите права задржани