Корпа 4-3(2-1) ЕЛЕМ
Корпа: Никола Спасовски 7”, Мартин Анакиев 18”, Кристијан Велковски 39”, Даниел Жерновски 39”
ЕЛЕМ: Димче Димитријески 20”, Антонијо Ничевски 21”, Синиша Ковачевиќ 25”
Екипите на Корпа и ЕЛЕМ во овој натпревар влегоа со скрaтени состави, прaктично со мала помош од клупата. Со ваков ростер и двете екипи се обидоа да ги користат голманите како голман-играч уште од самиот почеток на овој натпревар. Прва до водство дојде екипата на Корпа преку Спасовски во раната фаза од натпреварот, 7”. Со овој гол Корпа стекна предност која и овозможи да заигра по офанзивно во делот на нападот. Со ваквата игра во финишот од првото полувреме успеа да дојде до предност од 2-0, гол кој беше во реализација на Јанакијески. ЕЛЕМ во самиот финиш од полувремето преку Димитријески успеа да намали на 2-1, резултат со кој се отиде на полувремето.
Во второто полувреме и двете екипи играа егал. Екипата на ЕЛЕМ не само што успеа да го израмни резултатот туку и поведе со 3-2, но Корпа преку колективна игра и со целосно контролиран напад успеа да направи пресврт и дојде до победа на овој натпревар од 4-3.
Тренерот Калиновски со тактички замисли го водеше ЈСП до победа над А1
А1 2-5(2-3) ЈСП
А1: Фати Јахи 17”, Јовица Наумовски 18”
ЈСП: Тихо Фидановски 8”, Дејан Блежевски 11”, Мартин Ливрински 13” 21”, Љупчо Павловиќ 26”
На самиот старт во дуелот помеѓу А1 и ЈСП, иницијативата ја превзеде екипата на ЈСП играјќи пресинг по целиот терен, успеа да дојде до отворени шански кон противничкиот гол кои ги реализираше и до средината на првото полувреме дојде до водств од 0-3. По ваквата игра екипата на А1 побара тајм-аут по што направи промена во техничко-тактичките замисли. Ова вроди со плод и екипата на А1 до крајот на полувремето успеа да ја анулира предноста и намали на 2-3.
Во второто полувреме екипата на ЈСП продолжи со добра игра. Уште на самиот старт на полувремето со два гола зголеми на 2-5. Екипата на А1 со голман играч се обиде да ја намали предноста и да се врати во натпреварот но ЈСП со чести измени држеше ритам во играта, не дозволи изненадување па на крајот славеше со победа од 2-5.