Халк Банка7-4(3-1) С.Ц. Борис Трајковски
Халк Банка: Тигран Кандикјан 23’ Дарко Крстевски 6’ Алпер Тахир 4’ 30’ Ерсин Тахир 39’ Дејан Петковски 20’ 31’
С.Ц. Борис Трајковски: Љубомир Стојановски 24’ Горан Андоновски 17’ Влахо Костов 40’ Аце Василевски 38’
Oдличен почеток на екипата на Халк Банка во дуелот со С.Ц. Борис Трајковски, тие од самиот почеток одлично ја поставија својата игра и со брзи контра напади уште во раната фаза од полувремето успеаа да дојдат до водство од 2-0 до 6та минута од полувремето. Екипата на С.Ц. Борис Трајковски по оваа негатива ја зацврсти играта во нападот и се почесто се закануваше кон голот на Халк Банка, по груб старт екипата на Халк Банка остана со играч помалце што екипата на С.Ц. Борис Трајковски не успеа да го искористи за резултатски да се приближи. Во остатокот од полувремето екипата на С.Ц. Борис Трајковски успеа да намали на 2-1 со погодокот на Андоновски но до полувремето екипата на Халк Банка успеа повторно да зголеми на 3-1 резултат со кој се замина на паузата. Во второто полувреме екипата на Халк Банка продолжи со одлична игра и уште на самиот старт од второто полувреме успеа да го зголеми водството на 4-1. Екипата на С.Ц. Борис Трајковски во 24та минута успеа повторно да дојде на само два гола негатива. Но екипата на Халк Банка успеа да ја сочува и одржи резултатската предност и на крајот од овој натпревар да слави со резултат од 7-3.
Леар со брзи контра-напади до бодовите над Џонсон Мети
Леар 6-2(3-2) Џонсон Мети
Леар: Робертино Златевски 5’ Благојче Симјановски 39’ Драган Ѓорѓиевски 8’ Борче Ристевски 36’ Петар Стојковски 4’ Зоран Коцевски 35’
Џонсон Мети: Љупчо Стојановски 3’ Христијан Стојановски 20
Динамично прво одиграа екипите на Леар и Џонсон Мети, двете екипи од самиот старт започнаа со брза и отворена игра. Екипата на Џонсон Мети уште во 3та минута од полувремето преку Стојановски успеа да поведе со 0-1, но екипата на Леар успеа да веќе во следната минута со погодокот на Стојковски да го израмни резултатот а преку Златевски во 5та минута успеа да дојде до целосен резултатски пресврт. Во продолжнието екипата на Леар продолжи со одлична игра и зголемување на водството. Кај екипата на Џонсон Мети во ова прво полувреме иако имаше одлични шанси недостасуваше силна завршница па на паузата замина со негатива од 3-2. Во второто полувреме екипата на Џонсон Мети започна со силен притисок кон голот на противникот но со ваквата игра заборави на одбраната што Леар вешто го искористи за преку брзи контра напади да го зголемува водството. Во финишот од натпреварот екипата на Џонсон Мети се обиде со голман играч резултатски да се врати, но Леар одлично ја постави играта во одбраната и не дозволи изненадување па на крајот славеше со 6-2.