Бизарно: Депај не се појави на собирот во Холандија – му го украле пасошот!

by Стефан
1 минути читање

Meмфис Депај не се појавил на собирот на репрезентацијата на Холандија, а прашање е и дали ќе стигне навреме за натпреварите.

Причината за отсуството на најдоброт стрелец во историјата на холандската репрезентација е навистина бизарна. Имено, Депај не можел да допатува од Бразил каде што го носи дресот на Коринтијас затоа што му бил украден пасошот.

Сега тој се обидува да извади нов и да стигне навреме за квалификациските натпревари.

„Ова е несреќна ситуација на која не можеме да влијаеме и не можеме ништо да напавиме. Се надеваме дека во најкраток рок ќе биде со нас“, објавија од Холандија.

Во овој циклус, Холандија ќе игра против Малта на гости в четврток, додека потоа ќе ја пречека Финска в недела.

Можно е и ова да ти се допаѓа

×