Бизарната причина поради која Јунајтед не го купил Иско: Имал голема глава!

by
1 минути читање

Иско вчера на
„Филип Втори“ покажа што умее, беше стрелец на вториот гол за Реал и го понесе признанието МВП на Суперкупот.

ЕСПН открива дека
Шпанецот пред неколку години можел да заврши на Олд Трафорд, фудбалерот од
средниот ред бил на радарот на Сер Алекс Фергусон.

Шкотот испратил
скаут кој во неколку наврати го „скенирал“ Иско кога тој беше дел од Малага.

Но Манчестер
јунајтед не доставил понуда бидејќи скаутот не биле импресионирани од она што
го видел.

„Тој е добар, но
не е доволно брз и неговата глава е преголема во однос на телото
– бил одговорот на лицето кое внимавало
на игрите на плејмејкерот.

Можно е и ова да ти се допаѓа

@2024 – Сите права задржани