Несекојдневна ситуација ни пристигнува од германските пониски аматерски лиги, а во центарот на вниманието се најде клубот ДЈК Флуршеим каде што беше забележана една бизарна ситуација.
Имено во натпреварот на овој тим на теренот настапи 11 фудбалери кои имаа исто презиме – Куртановиќ.
Во клубот има вкупно 12 фудбалери кои го носат презимето Куртановиќ и се на возраст помеѓу 18 и 50 години, а со нив дел од тимот се уште неколку пријатели и познаници.
„Ова не е шега. За мене сонот се остваува. Сите припаѓаме на едно големо семејство. Со нас играат моите браќа Семир и Кенан, роднините и чичковците. Вообичаено се гледавме на семејните прослави, но сега играме и во иста екипа“, изјави за „Билд“ 26-годишниот Харис Куртановиќ кој е голман и тренер на фудбалерите, а рабноти како градежен инженер.
Станува збор за семејство кое е со корени во од Босна, но во Германија живеат од 1991 година кога таткото на Харис се сели во Германија поради војната.
Речиси сите во тимот имаа г ермански пасош, но на теренот зборуваат босански.