Eкипата на Пелистер во наредниот период ќе добие финансиска инјекција и нов спонзор, меѓутоа и ќе го промени името, односно ќе има дополнителна додавка.
Имено, нов спонзор на Пелистер ќе биде Спортската Академија Наноок чие име ќе се додаде битолскиот клуб и во иднина Пелистер ќе биде, ФК Пелистер Наноок.
Станува збор за компанија која има своја спортска мрежа и е дел од многу клубови како Бешикташ, Ѓозтепе, Емполи, Хатаиспор, Гуадалајара…
Кога се финансиите во прашање познато е дека вкупниот буџет на Пелистер ќе биде зголемен на два милиони евра до 2029.
Но, дел од битолската јавност веќе изрази незадоволство за постигнатиот преелеминирен договор.
„Иако е прелиминарен преддоговор (впрочем како и се во истиот од страна на Наноок ФК), во истиот каде се зборува за промена на име, објекти, некакви инвестиции од банки итн., па и тоа за колку би изнесувал буџетот до 2029 г., НИКАДЕ нема план за 5-10 години, НИКАДЕ нема како би оделе инвестициите етапно од година во година, НИКАДЕ нема кои услови треба да ги исполнува Наноок, односно целите на клубот, амбициите, напредокот во секој сегмент или па инвестиција во инфраструктура. БАРАМЕ ВЕДНАШ ПРОМЕНА НА ОВАЈ ПРЕЛИМИНАРЕН ПРЕДДОГОВОР КОЈ ЌЕ СЕ НАЈДЕ ПРЕД НАРОДНО ИЗБРАНИТЕ СОВЕТНИЦИ НА 29ти ДЕКЕМВРИ, ЦЕЛОСНА ЗАШТИТА НА КЛУБОТ“, стои во дел од објавата на битлската фан страна „И моето дете ќе навива за Пелистер“ која и ги објави јавно точките од договорот.