Битка за еден од најбараните во Европа: Четири гиганти се во игра, еден има предност

by Стефан
2 минути читање

Дваесетгодишниот шпански репрезентативец и стопер на Борнмут, Дин Хујсен веројатно ќе биде еден од фудбалерите кои ќе бидат во фокусот на вниманието во летниот преоден рок. Според најновите информации на добро упатениот Фабрицио Романо, за талентираниот дефанзивец сериозен интерес покажуваат Реал Мадрид, Челси, Ливерпул и Арсенал.

Најконкретен досега бил Челси, кој веќе доставил седумгодишен договор до фудбалерот и неговото семејство, започнувајќи преговори со цел да го обезбеди неговиот потпис. Меѓутоа, Реал Мадрид, клубот кој според шпанските медиуми му е „сон“ на Хујсен, интензивно ја разгледува можноста да ја активира откупната клаузула и да се вклучи во финалната трка за неговото ангажирање.

Од другата страна, Ливерпул веќе испратил официјална понуда, додека Арсенал внимателно ја следи ситуацијата и е подготвен да реагира кога ќе се укаже вистинскиот момент. Откупната клаузула во договорот на Хујсен изнесува 60 милиони евра, што значи дека Борнмут нема можност да го задржи дефанзивецот доколку тој се договори со некој од заинтересираните.

Очекувањата се дека младиот дефанзивец ќе ја донесе конечната одлука најдоцна до крајот на мај, со оглед на тоа што ниту тој, ниту заинтересираните клубови не сакаат одолговлекување.

Информациите од Шпанија дополнително ја зголемуваат тежината на интересот од Мадрид, новиот тренер на Реал, Чаби Алонсо, лично побарал ангажман на Хујсен, а самиот фудбалер, кој некогаш настапуваше за младинските селекции на Шпанија, наводно сонува за враќање во Шпанија и дресот на „кралевите“.

Реал Мадрид оваа сезона загуби четири натпревари против Барселона (еден по продолженија), примајќи дури 16 голови, што дополнително ја истакнува потребата од засилување во одбраната. Арнолд од Ливерпул речиси е договорен и се чека само официјална потврда, па следен чекор да бидат засилувања во срцето на одбраната.

Можно е и ова да ти се допаѓа

×