Фудбалерот од
средниот ред на Милан, Лукас Биља јавно ја критикуваше Италија како држава, за
што вели дека истата го потценила проблемот со коронавирусот, а воедно и не ги
следела правилата.
Италија е
најзасегната со коронавирусот по Кина во глобални рамки, со дури 15,000 активни
случаи на коронавирусот, што е најмногу на европско тло.
„Фудбалот е спорт
каде интерес имаат повеќе страни, меѓутоа, сега постојат други приоритети“ вели
Биља за „ЦНН Радио“.
„Фудбалерите
мораат да размислуваат со ладни глави и цврсто да стојат на ставот дека
фудбалот мора да биде стопиран во вакви моменти, бидејќи ние фудбалерите не сме
имуни“ додаде 34 годишниот Аргентинец, а потоа ја критикуваше Италија за тоа
како се справила со Ковид-19.
„Не само што го
потценија овој проблем, туку и луѓето не ги следеа правилата, ние дојдовме до
работ на колапсот, а денеска гледаме дека докторите работат исцрпувачки“ вели
тој.
„Луѓето не
умираат само поради вирусот, има луѓе кои умираат и од други болести, а сега
немаат адекватна грижа, поради коронавирусот, некои луѓе се оставени сами на
себе“ заклучи фудбалерот на „Росонерите“.