169
Фудбалската репрезентација на Македонија до 21 година по утрешниот натпревар против Полска со кој ги стартуваме квалификациите за Европското првенство ja очекува домашен натпревар против Италија.
Натпреварот против Италијанците ќе го играме во Битола, а билетите ќе бидат пуштени во продажба од утре по цена од 200 денари.
Продажбата ќе се одвива онлајн преку eticket.ffm.mk и во продажните места на Димпо Тобако во Битола.
Овој натпревар за Македонија е прв во Битола по 31 година кога исто така селекцијата до 21 годна играше против Шпанија.