Билетите „пламнаа“, Црвена звезда ги распродаде натпреварите од Лигата на шампиони!

by
0 минути читање

Денеска во десет часот почна редовната продажба на влезници за дуелите со Наполи, ПСЖ и Ливерпул, а по само неколку часа билетарата престана да работи бидејќи влезниците се распродадоа. Ред се чекаше уште од ноќеска, а најупорните дојоа до вредното парче хартија.

Претходните денови во претпродажба беа влезници за членовите на клубот, а останатите билети се продадоа денеска. Тоа значи дека Црвена звезда ќе ја има максималната поддршка од трибините.

Огромниот интерес за билети само покажува каков е статусот на Црвена звезда во Србија и во регионот.

Можно е и ова да ти се допаѓа

×