„Билд“ за да го оправда Вирц го обвини Салах!

by riste
1 минути читање
Салах

Германскиот весник „Билд“ смета дека Мохамед Салах е најголемиот проблем за лошите резултати во Ливерпул оваа сезона.

Тие ја потенцираат неговата себичност и пишуваат дека тој на Вирц можел да му намести дури четири голови во клучни натпревари. Против Франкфурт, против Манчестер Сити, против Реал Мадрид и против Сити.

Во секоја од тие ситуации Салах наместо да му подадел на Вирц се решил да шутира и промашил. Тоа го приметил и тренерот Слот кој рече: „Не сме навикнале да промашува толку шанси, особено не на неколку натпревари по ред“.

Се потенцира и големото его на Салах за кое веќе се буни и соблекувалната на Ливерпул. Тој минатата сезона имаше неверојатни 34 голови и 23 асистенции, но оваа приказната е сосема друга.

Дури и Џејми Карагер смета дека Салах треба да се пресели на клупата.

„Билд“ тврди дека Вирц е иднината на Ливерпул, а Салах станува минато и во клубот треба да се свесни за тоа доколку не сакаат да ја загубат сезоната.

Се поставува прашањето дали има херој во Ливерпул кој ќе му каже на Салах дека неговото време е поминато.

Можно е и ова да ти се допаѓа

×