„Билд“ тврди, Арсенал имал контакт со Тухел, Венгер заминува

by
0 минути читање

Актуелниот договор на Венгер со Арсенал истекува по крајот на оваа сезона и нејасно е дали ќе стави потпис на нов.

Францускиот стратег изјави дека донел одлука за неговата иднина и наскоро ќе ја соопшти.

Германскиот весник „Билд“ тврди дека Арсенал имале контакт со тренерот на Борусија Дортмунд, Томас Тухел и сакаат тој да биде замената за Венгер.

Тухел е тренер кој ја разбуди Борусија Дортмунд, негува офанзивен фудбал, таков каков што сакаат фановите на Арсенал.

Можно е и ова да ти се допаѓа

@2024 – Сите права задржани