Искусниот
Италијанец ја загуби соблекувалната на Алианц Арена и тоа го чинеше работата.
Ѕвездите на Баерн му го свртеа грбот на Карло Анчелоти и тој вчера доби отказ.
„Непријателот во
вашиот кревет е најопасен“ – беше фразата која Ули Хенес ја употреби за убаво
да објасни што лежи зад разделбата со тренерот, и откри дека пет клучни играчи
му се спротивставиле на Карло Анчелоти.
Реномираниот
германски весник Билд сега пишува кои се бунтовниците поради кои настрада
Италијанецот.
Ветераните Рибери
и Робен заедно со германското трио, Хумелс, Боатенг и Милер се фудбалерите кои
му го свртеле грбот на стратегот.
Некои од нив и
јавно влегоа во војна со Карло Анчелоти. Прв беше Томас Милер кој изрази
незадоволство од малата минутажа, а потоа Рибери нервозно го фрли дресот откако
беше заменет против Андерлехт.