„Мислите дека јас
сум добар? Чекајте да го видите Фабио Паим“ – е фамозната изјава на Кристијано
Роналдо од 2003.
20 години
подоцна, популарниот ЦР7 се етаблираше како еден од најголемите во историјата
на фудбалот, додека пак Фабио Паим е малку познат фудбалер, кој дури заврши и
зад решетки.
Двајцата
потекнуваат од школата на Спортинг, и додека Кристијано Роналдо блесна на
големата сцена, Фабио Паим најчесто настапува во мали клубови, најзвучно име е
Челси, но таму беше дел само од резервниот тим и помина четири месеци на
„Стемфорд Бриџ“.
Во 2019 година, животот
на Фабио Паим доживува драматичен тек, уапсен е за поседување пет грама кокаин
и осуден на една година зад решетки. За судбината да биде посурова, казната ја
отслужува во објект кој е во близина на тренинг центарот на Португалија, па можел
да види како Кристијано Роналдо и останатите се подготвуваат за ЕВРО 2020.
„Можев да ги
гледам како тренираат секој ден. Но бев во затвор со причина, па никогаш не
помислив, „Ах, Кристијано е таму, и јас требаше да бидам таму“. Затворот беше навистина
тежок за мене и моето семејство. Затворот не е место за дете како мене“ – раскажува
Фабио Паим.
„Не сакам никој
да ме сожалува. Јас сум си виновен за сè, тоа беа мои грешки, мои избори“.
„Да не се фалам,
но навистина бев специјален фудбалер. За жал тогаш немаше Инстаграм или Фејсбук, па да се
снимам и да објавувам што можам. Но искрено, тогаш верував дека нема друг како
мене, нема играч со моите квалитети“.
„Кога тренирав,
доколку го давав истиот напор како Кристијано Роналдо и ја имав неговата
посветеност, ќе бев подобар од него. Доколку зборуваме само за техника, бев подобар.
Бев малиот Роналдињо“.
„Но како што
гледате, техниката и талентот не се доволни за успех“.
„Роден сум со
талент, но за жал, заработував многу пари и имав илузија дека не е потребно да
вложам напор и труд. Жалам за некои од
одлуките, сега гледам поинаку на работите. Не е спорно дека имав талент, но наместо
да работам напорно, мојот фокус беше на девојки, забави, алкохол… На сè освен на
фудбалот“.
Обложувај се онлајн на Моцарт, 100% бонус на прва уплата до 400 евра, регистрирај се на овој ЛИНК.