Eден од најпознатите италијански новинари Џанлука Ди Марцио објави детали од трансферот во кој Лука Модриќ се пресели во редовите на Милан.
Модриќ иако има 40 години прикажува одлични настапи во Италија каде што дојде како слободен играч по истекот на договорот со Реал Мадирд. Според информациите на Ди Марцио најзаслужен за трансферот на Модриќ бил албанскиот оперативец и директор, Игли Таре.
„Доведувањето на Модриќ беше идеја на Таре, тој едноставно беше негова опсесија, а потоа пристигна и зеленото светло од Алегри и клубот. Таре со доаѓањето во Милан испланира и дека Модриќ ќе биде неговиот прв поголем потпис“, објави Ди Марцио.
Ќе потсетиме, Таре пред доаѓањето во Милан улогата на спортски директор ја извршуваше во Лацио.