БиХ ја наполни мрежата на Сан Марино – четири победи од четири меча во квалификациите!

by riste
1 минути читање

Босна и Херцеговина со 6-0 победи на гостувањето кај Сан Марино и го продолжи перфектниот од во квалификациите за Светското првенство.

Босанците се хит во досегашниот дел од квалификациите, имаат четири победи од четири натпревари и со максимални 12 бода се први во групата.

Работата денеска им беше олеснета во 16. минута кога Голинучи заработи црвен картон, па играч повеќе лесно се справија со противникот.

Џеко даде два гола, по еднаш погодија Тахировиќ, Баждар, Алајбеговиќ и Мујакиќ.

Од оваа група Австрија со 1-0 го победи Кипар. И Австријците се перфектни, но со три победи од три натпревари.

Во истиот термин се играше и мечот меѓу Ирска и Унгарија кои одиграа нерешено 2-2.

Можно е и ова да ти се допаѓа

×