БиХ има за што да жали, Шкотска по речиси три децении ќе игра на Мундијал! (ВИДЕО)

by Стефан
2 минути читање

Вечерва се одиграа и последните натпревари од квалификациите за Светското првенство, по што конечно е познат распоредот на групите, како и селекциите кои изборија директен пласман или ќе мораат преку баражот да го бараат својот пат до Мундијалот.

Босна и Херцеговина имаше реална шанса со победа да обезбеди визa за СП, и добро започна, Табаковиќ уште во 12. минута донесе водство од 0-1 и ја распламти надежта. Но тие соништа се распаднаа кон самиот финиш, кога Грегорич во 78. минута израмни и ги осуди Босанците на бараж.

Шкотска, пак, одигра вистински фудбалски трилер и со спектакуларни 4-2 ја совлада Данска, што значи дека по цели 28 години „Тартанците“ повторно ќе бидат дел од Светското првенство.

Домаќинот поведе рано, Скот Мектоминеј со атрактивни „ножички“ ја затресе мрежата за 1-0. Данците се вратија преку Расмус Хојлунд во 57. минута, но нивниот план се распадна кога Кристенсен доби втор жолт картон и беше исклучен. Шкотите го искористија моментумот и преку Шонкленд поведоа со 2-1, но Доргу брзо возврати и постави 2-2.

Завршницата донесе драма Киеран Тирни донесе ново водство, а Кени Меклин во последните секунди ја запечати историската победа и шкотското славје.

Група А: Германија 15, Словачка 12, Северна Ирска 9, Луксембург 0
Група Б: Швајцарија 14, Косово 11, Словенија 4, Шведска 2
Група Ц: Шкотска 13, Данска 11, Грција 7, Белорусија 2
Група Д: Франција 16, Украина 10, Исланд 7, Азербејџан 1
Група Е: Шпанија 16, Турција 13, Грузија 3, Бугарија 3
Група Ф: Португалија 13, Ирска 10, Унгарија 8, Ерменија 3
Група Г: Холандија 20, Полска 17, Финска 10, Малта 5, Литванија 3
Група Х: Австрија 19, БиХ 17, Романија 13, Кипар 8, Сан Марино 0
Група И: Норвешка 24, Италија 18, Израел 12, Естонија 4, Молдавија 1
Група Ј: Белгија 18, Велс 16, Македонија 13, Казахстан 8, Лихтенштајн 0
Група К: Англија 24, Албанија 14, Србија 13, Летонија 5, Андора 1
Група Л: Хрватска 22, Чешка 16, Фарски Острови 12, Црна Гора 9, Гибралтар 0

Можно е и ова да ти се допаѓа

×