Познато е дека
тренерите речиси никогаш не откриваат детали околу тоа со каков почетен состав
ќе излезат на мегдан со своите противници, меѓутоа таа карактеристика веројатно
не важи за предводникот на Лидс, Марсело Биелса.
Аргентинскиот
фудбалски стратег на два дена пред мечот со Вест Хем на домашен терен во
рамките на 12 коло од Премиерлигата ги соопшти почетните 11 во неговиот тим, а
меѓу нив се најде и нашиот репрезентативец Езгјан Алиоски.
Алиоски има креирано шанси за гол на Лидс колку што и Вернер за Челси, Сон за Тотнем… (ФОТО)
„Би можел да биде
Ајлинг, или Филипс“ одговори Биелса на прашањето кој ќе му прави друштво н Лиам
Купер во одбраната, по што следното прашање гласеше околу тоа дали ќе го остави
Вест Хем во неизвесност околу почетниот состав кој ќе го изнесе на теренот, а
тој им го соопшти целиот почетен тим.
„Родриго ќе игра
на местото на Љоренте, а почетните 11 ќе бидат следните: Меслие, Далас, Ајлинг, Купер, Алиоски, Филипс,
Клих, Родриго, Рафиња, Бамфорд и Харисон“ соопшти Биелса.
Лидс со 14 освоени бода по 11 одиграни кола се наоѓа на 14 место на табелата, а во последните пет меча избраниците на Биелса запишаа само една победа.
Reporter: Are you going to keep West Ham guessing?
Marcelo: No, here's my Starting XI… pic.twitter.com/xoCGD4JvyU
— Leeds United (@LUFC) December 9, 2020