324
Лидерот во
англиската Чемпионшип дивизија, тимот на Лидс каде настапува нашиот
репрезентативец Езгјан Алиоски, по три победи во низа, изминатиот викенд
ремизираше кај Свонси со 2-2, а на таа средба Македонецот беше заменет по само
45 минути игра.
Марсело Биелса,
шефот на стручниот штаб на тимот од Еланд Роуд запрашан од тамошните медиуми за
причината до која довела до таа негова одлука, објасни дека левата страна, каде
игра Алиоски била послаба во однос на десната.
„Причината е
бидејќи не игравме длабоко на левата страна. Нашата офанзивна игра беше подобра
од десната страна, отколку од левата. Така, јас сметав дека е потребно
освежување на таа страна“ рече Биелса.