Поранешниот тренер на Реал Мадрид, Фабио Капело, изненади со ставот дека Ламин Јамал треба да биде добитник на „Златната топка“ оваа година.
Младата ѕвезда на Барселона има фантастична сезона зад себе, но и покрај тоа, италијанскиот стратег смета дека не може да се споредува со фудбалски генијалци како Лионел Меси или Диего Армандо Марадона.
„Ламин Јамал е играч со многу квалитет и има огромен потенцијал за напредок, но не го гледам како феномен. Меси и Марадона правеа нешта што никој не можеше ни да ги замисли. За сега, не можам да го ставам во ист ранг со нив“, изјави Капело за „COPE“.
Тој направи споредба и со Кристијано Роналдо, нагласувајќи дека не станува збор само за бројки, туку за суштинска фудбалска генијалност.
„Не зборувам за статистика, туку за квалитет и генијалност. Кристијано Роналдо е неверојатен играч, постигна повеќе голови од сите, но не може да биде Меси или Марадона“, додаде Капело.
И покрај сè, искусниот стратег на крајот откри дека токму Ламин Јамал би го добил неговиот глас за најпрестижното индивидуално признание во светот на фудбалот.
„Гласот би му го дал на Ламин Јамал за Златна топка. Мојата тројка е: Винисиус, Мбапе, и на прво место – Ламин Јамал“, заклучи Капело.