Безвременскиот Ноер става потпис на нов договор со Баерн

by 24 фудбал
1 минути читање

Мануел Ноер не планира да запре и ќе брани на највисоко ниво во европскиот фудбал барем уште една сезона.

38-годишникот е пред потпис на нов договор со Баерн Минхен, иако се шпекулираше дека можеби нема да ја продолжат соработката. Ветеранот сам кратко потврди дека сè е договорено и се очекува да стави потпис на договор наскоро.

Вистина е, ќе потпишам нов договор со Баерн Минхен наскоро“, кратко изјави Ноер.

Новиот договор ќе биде валиден за сезоната 2025/26, по што веројанто ќе заврши соработката.

Мануел Ноер пристигна во Баерн од редовите на Шалке 04 во јули 2011 година за сума од 30 милиони евра.

Можно е и ова да ти се допаѓа

@2024 – Сите права задржани