Без распект кон големиот противник, Македонија брка прва радост против Шпанија

by
1 минути читање

Македонија не поминува добро кога игра против Шпанија, нашата репрезентација има шест порази од исто толку меѓусебни дуели, но простор за оптимизам има.

Формата на Македонија е во нагорна линија, особено радува играта на одбраната која нема примено гол веќе три натпревари. Турција во Скопје не успеа ниту да шутне кон голот на Димитриевски, а тоа им дава позитивна мисла и ја зголемува самодовербата на избраниците на Игор Ангеловски пред дуелот со Шпанија.

Шпанија е лидер во групата и во Скопје пристигна со најсилниот состав во лов на нови три бода, за фудбалерите на Хулиен Лопетеги ќе биде вистински шок доколку не успеат да го изнесат целиот плен од Арената „Филип Втори“.

„Без разлика колку е силен противникот, очекувам моите фудбалери да го дадат максимумот и да го одиграат најдобриот натпревар. За ваква средба не ни треба дополнителна мотивација” – вели селекторот Ангеловски.

„Имав доволно можности да ја анализирам играта на Шпанија под водство на Лопетеги. Нивната игра е за почит но верувам дека ќе ги откриеме и искористиме грешките на противникот. Нема да отстапам од мојата офанзивна тактика и без разлика на тоа што играме против Шпанија, верувам дека ќе ни донесе нови причини за задоволство”.

Селекторот на Шпанија, Хулен Лопетеги смета дека неговата селекција ќе има тешка задача, но верува во триумф.

„Македонија одигра неколку одлични натпревари, пример можеше да ја победи Италија. Но ние сме фокусирани на нашата игра и влегуваме под претпоставка дека противникот ќе одигра на своето најдобро ниво. Трите бода од овој меч можат да бидат клучни во квалификациите“ – вели Лопетеги.

Натпреварот помеѓу Македонија и Шпанија се игра вечерва со почеток од 20:45 часот.

Можно е и ова да ти се допаѓа

@2024 – Сите права задржани