147
Во претпоследниот меч од 33. коло во Серија А, немаше победник на дербито помеѓу Интер и Рома.
Гостите поведоа во 14. минута, кога Ел Шарави имаше убав продор, нанижа неколку играчи и го матираше Хандановиќ со шут од далечина за 0-1.
Интер се избори за реми по еден час игра, Перишиќ погоди на асистенција на Д’Амброзио за 1-1. Резултатот веројатно ќе им одговара на двете екипи, но со победа, и Интер и Рома можеа да направат значаен исчекор, „нероаѕурите“ кон зацврстување на третата позиција а „волчицата“ влез во топ четири.