Без победник на големото дерби на Мадрид, по едно полувреме за Атлетико и Реал (ВИДЕО)

by riste
1 минути читање

Реал Мадрид и Атлетико Мадрид одиграа 1-1 во градското дерби, резултат кој најмногу ѝ одговара на Барселона.

Првото полувреме му припадна на Атлетико Мадрид кој со гол на Хуан Алварез од пенал поведе со 1-0.

Во првите 45 минути Реал Мадрид немаше шут во рамките од голот, но работите се променија во вториот дел.

Домаќинот тргна многу подобро, а тоа вроди со плод уште во 50. минута кога Мбапе даде гол за израмнување на 1-1.

До крајот на мечот Реал Мадрид беше подобар, создаде повеќе можности за гол, но не успеа да направи комплетен пресврт.

Можно е и ова да ти се допаѓа

@2024 – Сите права задржани