Без победник и во второто полуфинале од Копа Италија (ВИДЕО)

by Стефан
1 минути читање

Како и вчерашната пресметка помеѓу Интер и Комо (0-0) и првата пресметка од второто полуфинале помеѓу Лацио и Аталанта заврши без победник 2-2.

Прва се тресеше мрежата на домаќините кога Крстовиќ погоди по само осум минути игра, меѓутоа тој гол беше поништен поради недозволена позиција. Така, првиот дел заврши со почетниот резултат.

Набрзина на стартот од второто полувреме видовме два гола, прво Деле-Баширу го доведе Лацио во водство во 47-та минута, а потоа Пашалиќ четири минути подоцна израмни на 1-1.

Слично како што почна вториот дел, така и заврши, Були Диа се погрижи за уште една предност на Лацио во 87-та минута, но Муса во 90-тата не дозволи Аталанта да биде поразена.

Реваншот е закажан за 22-ри март во Бергамо.

Можно е и ова да ти се допаѓа

×