„Росонерите“
изминатово лето потрошија преку 200 милиони евра на засилувања, но резултатите
не се на очекуваното ниво, загубија на четири од осум натпревари во Серија А и
имаат заостанување од 7 бода во однос на топ четири.
„Никој не
очекуваше дека со волку голема реконструкција на составот се ќе оди како
подмачкано, но имаме пет или шест бодови помалку од она што го планиравме“ –
вели Марко Фасоне, првиот човек на клубот.
„Целта беше да
бидеме на дофат на топ четири во првиот дел од сезоната, и потоа во
проделжението силно да притиснеме за место во Лигата на шампионите. Имаме
простор да ја надополниме негативата, но немаме право на нови киксови“.
Настапот во
Лигата на шампионите е од огромно значење со оглед на тоа дека Милан ќе треба
да задоволи одредени норми поставени од УЕФА за исполнување на Финансискито фер
плеј.
Исто така тука е
и долгот кон фондот Елиот со кој сопствениците од Кина го купија Милан.
„Квалификација во
Лигата на шампионите не е задолжителна, но да, настапот во најелитното европско
натпреварување е основа на нашиот план”.
„Евентуален
неуспех нема да го уништи проектот, но ќе го одложи за една година и приходот
што ќе го изгубиме ќе треба да биде надополнет со продажба на еден или двајца
топ играчи”.
Се очекува Џиџо
Донарума да биде „жртвата“, особено по целата мешаница која настана во
преговорите за продолжување на неговата соработка.