Без голови на полувремето во Малме: Балотели и Барсегјан можеа да ја замолчат „Сведбанк Арената“

by
1 минути читање

Македонскиот
шампион одлично му се спротиставува на Малме во првите 45 минути игра на „Сведбанк
Арената“, резултатот по првиот дел е оној почетниот, 0-0.

Малме имаше
мини-доминација на теренот во почетната фаза од мечот, но првата посериозна
шанса ја имаше Вардар преку Балотели во 17. минута.

Бразилецот убаво
проигра со Спировски, репрезентативецот на Македонија одлично му асистираше на
својот соиграч кој се најде пред голот на шведскиот првак, но упати удар кој
заврши крај голот на противникот.

Веднаш потоа
Малме возврати, но Гачевски забележа одлична реакција по ударот на Бергет, минута потоа.

Вардарци преку Барсегјан
во 34. минута дојдоа до нова изгледна прилика да погодат за почетно водство на
мечот во Малме, но Ерменецот иако излезе сам пред голот беше спречен од
централниот дефанзивец на домаќините Нилсен. Потоа топката стигна до Балотели
кој шутираше само над голот.

Во продолжение
двете екипи мошне претпазливо влегоа во текот на играта со тоа што не дозволија
опасност ниту на едниот, ниту пак на другиот гол.

Стратегот од
клупата на македонскиот шампион, Гоце Седлоски, се реши мечот да го почне во
следниот состав
: Гачевски,
Грнчаров, Спировски, Барсегјан, Хамбарџумјан, Николов, Новак, Демири, Исени,
Фелипе и Балотели.


Дуелот на „Сведбанк
Арената“ во Малме се игра пред речиси полни трибини во една одлична атмосфера
која ја приредуваат домашните навивачи.

Главен арбитар на
мечот е Исланѓанецот Торвалдур Арнасон.

 

Фото-вест:
fkvardar.mk

Можно е и ова да ти се допаѓа

×