Без голови на полувремето помеѓу Русија и Египет

by
1 минути читање

Русија има за
нијанса повеќе обиди кон голот на Египет, вкупно осум, од кои само еден обид
заврши во рамките, а Египет од пет обиди, ниту еден не беше во рамките на
голот на Русите.

По првото
полувреме мрежите од обата гола мируваат, а статистиката ја потврдува сликата
од теренот каде се игра рамноправен меч.

Од посериозни
шанси на средбата, барем засега бележиме две, и тоа прво се заканија Египјаните
преку Трезеге во 16. минута, но недостасуваше прецизност од офанзивецот чиј
удар заврши крај голот.

Самедов во 19.
минута прими прецизен пас во опасната зона на Египет и имаше добар обид, но,
истиот мина над конструкцијата од голот.

Ќе додадеме дека во стартниот состав на Египет игра и првата ѕвезда на тимот, Мохамед Салах.

Можно е и ова да ти се допаѓа

@2024 – Сите права задржани