Без Елмас и Авдули: Младите фудбалери ги стартуваа подготовките пред новите битки за ЕП

by Стефан
1 минути читање

Фудбалската репрезентација на Македонија до 21 година денеска ги стартуваше подготовките за новите натпревари од квалификациите за Европското првенство во 2027 година во кои ќе играме против Ерменија и Црна Гора.

Младинската селекција на 10 октомври во Битола ќе биде домаќин на Ерменија, додека три дена подоцна ќе гостуваме кај Црна Гора, а селекторот Горан Станиќ за овој натпревар поради повреда нема да може да смета на двајца фудбалери, Мухамед Елмас и Џезаир Авдули.

„Не очекуваат два тешки натпревари против Ерменија и Црна Гора. Максимално сме фокусирани и подготвени за претстојните предизвици. Се надевам дека ќе ги исполниме сите барања на селекторот и стручниот штаб и ќе оствариме позитивен резултат. На претходните два квалификациски меча, и покрај поразите, мислам дека не одигравме лошо. Имавме добри моменти и создадовме неколку сериозни прилики за погодок, но ни недостигаше повеќе концентрација во завршницата. Свесни сме каде погрешивме и верувам дека ќе ги поправиме грешките на следните натпревари“, изјав фудбалерот од средниот ред, Теодор Николовски.

Кире Стојанов кој го носи дресот на Брера против Ерменците ја очекува првата победа.

„Очекувам да го дадеме максимумот на овие два натпревари и по двата порази да ја оствариме првата победа на домашен терен против селекцијата на Ерменија. Поразите од Полска и Италија беа големо искуство од кое извлековме важни поуки. Головите што ги примивме беа резултат на наши грешки. Одиме натпревар по натпревар и сакаме да освоиме што е можно повеќе бодови. Атмосферата во репрезентацијата е одлична, работиме напорно и на високо ниво заедно со целиот стручен штаб.“

Можно е и ова да ти се допаѓа

×