БетКлик го призна голот на Гризман и ќе исплаќа пари, Франција се жали до ФИФА

by
2 минути читање

Тунис синоќа со
1-0 ја совлада Франција, победа која на крајот не го промени изгледот на
групата откако Австралија исто така со 1-0 ја совлада Данска.

Но натпреварот
имаше контроверзен крај откако Антоан Гризман погоди за 1-1 во финишот, но
судијата со помош на ВАР го поништи погодокот и беше досуден офсајд.

Но не само што е
спорна одлуката, со оглед на тоа дека Антоан Гримзна немаше намера да игра со
топката кога беше во офсајд позиција и се активираше само откако играше еден од
дефанзивците на Тунис (тоа се смета за нова акција), проблематичен е и начинот
на кој е поништен голот.

Иако не беше покажано
во предносот во живо, судијата Метју Конгер даде знак да почне играта од центар,
и откако Тунис тргна во напад, тој свирна крај. Дури потоа доби информација од
ВАР собата дека има нешто спорно.

Токму поради ова,
Фудбалската федерација на Франција достави жалба до ФИФА, „триколорите“ посочуваат
дека правилата на ИФАБ јасно кажуваат кога ВАР може да реагира, и таму во еден
параграф пишува, „Доколку натпреварот продолжи откако играта е стопирана, судијата не
може да направи анализа“.

Исклучок има и за
ова правило, но исклучокот не важи за голот на Антоан Гризман и се однесува на
Доколку се погреши идентитетот на санкционираниот играч или во случај на навредилв
гест кој заслужува црвен картон како плукање, гризнување или употреба на
навредливи/груби зборови или акции“.

Во меѓувреме,
обложувалницата БетКлик го признава голот на Антоан Гризман, па покрај победа
на Тунис, ќе им исплати пари и на оние кои се обложиле дека натпреварот ќе
заврши нерешно.

Обложувај се онлајн на Моцарт, 100% бонус на прва уплата до 400 евра, регистрирај се на овој ЛИНК.

Можно е и ова да ти се допаѓа

@2024 – Сите права задржани