Бетис ја оправда улогата на фаворит и со 2-0 ја совлада Јагелонија, нашиот Дарко Чурлинов беше стартер и на теренот остана до последниот судиски свиреж.
Двата гола беа постигнати во првото полувреме. Резултатот го отвори Бакамби во 24. минута.
Конечниот резултат го постави Родригез во втората минута од судиското продолжение во првиот дел.
Фиорентина со 2-1 победи на гостувањето кај Цеље и обезбеди одличен резултат за реваншот во Фиренца.
Гостински триумф забележа и Рапид кој со 1-0 го совлада Ѓургарден на негов терен.
Претходно Челси со 3-0 победи на гостувањето кај Легија.