Барселона го
продаде офанзивецот Кристијан Тељо на Бетис за сума од 4 милиони евра, откако
истече периодот на позајмица на Шпанецот во Фиорентина, каде мина една сезона.
Тељо имаше мала
непријатност на презентацијата во Бетис, тој беше во сенка на топ темата која
ја врзува овој клуб, тоа е Дани Себалос, 20 годишниот фудбалер од средниот ред
на шпанскиот прволигаш за чиј потпис голема битка водат големите ривали
Барселона и Реал Мадрид.
Она што е
интересно, Сера Ферер, потпретседателот на Бетис призна дека Барселона
инсистирала во продажбата на Тељо да дојде и до некаков договор со овој клуб
околу ангажман на Себалос.
Вечните ривали во
Шпанија се подготвени да издвојат околу 25 милиони евра за услугите на младинскиот
репрезентативец на „Црвената Фурија“, додека пак неговата откупна клаузула изнесува скромни 15 милиони евра.
Себалос беше
вистинско откритие на Европското Првенство кое се одржа во Полска за фудбалери
до 21 година, соодветната селекција на Шпанија стигна до финалето на овој
турнир, но беше сопрена од Германија која минимално со 1-0 славеше за
освојување на европскиот трон во оваа конкуренција.
Токму Себалос
доби признание за најдобар играч на турнирот во Полска.