BET-IBC совети за обложување: Започнува шестото издание на Интернациналниот куп на шампиони

by
3 минути читање

Агентот за големи облози во Азија и овој ден со неколку предлози ќе ви помогне да се одлучите што да одиграте.

Манчестер Сити – Борусија Дортмунд: Двата тима даваат гол

Започнува шестото издание на Интернационалниот куп на шампиони, турнир кој големите клубови од Европа го користат за да се подготват за новата сезона но и да додат неколку десетици милиони на своите сметки. На отварањето оваа сезона се среќаваат Манчестер Сити и Борусија Дортмунд, мечот се игра во Чикаго и се очекува „Солџер Филд“ да биде исполнет до последнто место и на трибините да има 60.000 фанови. „Граѓаните“ минатата сезона испишаа историја во Премиерлигата соборувајќи неколку рекорди на патот до титулата, додека пак „Милионерите“ се мачеа и едвај се изборија за топ четири финиш и настап во Лигата на шампионите. Но Дортмунд има нов тренер во името на Лусиен Фавр, кој треба да ги стабилизира резултатите и да го врати клубот во битката со Баерн за шампионската титула. Со оглед на тоа дека ова лето се играше Светското првенство, голем број од ѕвездите на двата тима нема да бидат на располагање за овој меч, а „Граѓаните“ се тие кои се прилично ослабени бидејќи имаа дури 16 преставници во Русија. Пеп Гвардиола во составот од поуискусните играчи ги ма Браво, Харт, Лапорт, Сане и новото засилување Махрез. Дортмунд немаше толку преставници на мундијалот, неколку првотимци како Геце, Ширле, Пулишиќ, Филип, Шмалецер, Сахин и Дахуд се јавија од првиот ден на подготовките па „Милионерите“ влегуваат како благ фаворит во дуелот. Манчестер Сити и Борусија Дортмунд се сретнаа на Интернационалниот куп на шампиони и пред две години, тогаш мечот заврши 1-1. Со оглед на тоа дека ова е само старт на подготовките и тимовите се уште работат на фитнесот, може да се очекува побавно темпо. Исто така, во второто полувреме двајцата тренери ќе направат големи промени, па треба да се очекува и дека мечот често ќе биде прекинуван и тоа сигурно ќе влијаа на квалитетот на играта. Испробувањето нова формација и поставеност треба да придонесе и за грешки на двете страни, а тоа отвара простор за голови, па за очекување е двете мрежи да бидат затресени и во случај да нема спектакл.

Допрете го врвот и обложувајте се без лимит и со облози на високи суми во Азија.

Леванте – Борнмут: Победа или реми за гостите

Леванте и Енис Барди го имаат првиот меч од подготовките за новата сезона, во Мурсија се среќаваат со Борнмут. Македонецот и соиграчите се вратија на тренинг на 9. јули и по десет дена работа време е за првиот тест. Мечот веќе е фокусот поради та што Бормнут во мај месец испрати богата понуда од Леванте вредна 23 милиони евра за услугите на Џеферсон Лерма, предлог кој експресно беше одбиен од Леванте. Но двата клуба продолжија со преговорите и се очекува да пристигне нова побогата пнуда. Сепак, Колумбиецот нема да биде дел од овој меч бидејќи е на одмор по настапот на Светксото првенство. Леванте последниот меч го одигра во мај минатата година, па избраниците на Пако Лопез сигурно ќе бидат малку „зарѓани“ и тоа може да го искористи противникот од Англија кој од поодамна ги започна подготовките за новата сезона и веќе имаше еден меч во своите нозе, против Севиља кога се изборија за реми од 1-1. Квалитетот сигруно е на страната на Борнмут, кој влегува како фаворит во овој меч, но со оглед на тоа дека е пријателски меч и двајцата тренери ќе се обидат на што поголем број играчи да дадат шанса се може да се случи. Енис Барди токму на подготвителните натпревари минатото лето се престави во одлично светло пред шпанската јавност и демонстрираше колку е опасен од слободните удари. Македонецот сега ќе има шаса да продолжи онаму каде што застана и да го намести нишанот за уште попродуктивна сезона во Ла Лига. Но тестот протв Борнмут воопшто нема да биде лесен, и големи се шансите клубот од Премиерлигата да остане непоразен.

Дали барате место за да ставите облози на некој од погоре наведените натпревари? Или можеби на сите од нив? Сега имате можност за добитни облози во Сингбет без неважечки со BET-IBC.

Можно е и ова да ти се допаѓа

×