BET-IBC совети за обложување: Старите ривали на мегдан, Бразил против Мексико

by
4 минути читање

Дали барате место за да ставите облози на некој од подолу наведените натпревари? Или можеби на сите од нив? Сега имате можност за добитни облози во Азија со BET-IBC.

Бразил – Мексико: Победа на домаќините

Петкратниот шампион, Бразил се среќава против Мексико во Самара во битка за четвртфинале. „Кариоките“ ќе се обидат по седми пат во низа да се пласираат помеѓу осумте најдобри на Светските првенства, додека пак популарните „Ел Три“ ќе се обидат да се најдат помеѓу осумте најдобри за прв пат по 1986, кога беа домаќини. Бразил пристигна како прв фаворит во Русија, но избраниците на Тите се уште не го прикажале најдоброто особено првата ѕвезда Нејмар, кој успеа да се опорави од незгодната повреда и на подготвителните натпревари да покажа дека ќе биде вистинска напаст за противничките дефанзивци. Ѕвездата на ПСЖ на мундијалот сепак е прилично тивок, многу солира, и многумина сметаат дека Кутињо е главен играч во моментов. Мексико пак одлично го отвори СП 2018 со триумф од 1-0 над актуелниот шампион Германија а потоа следуваше и победа од 2-1 над Јужна Кореа, но на крајот за малку ќе беа елиминирани по тешкиот пораз од 3-0 од Шведска. Но за нивна среќа, Јужна Кореа успеа да ја изненади Германија па „Панцирите“ беа тие кои доживеаја срамна елиминација. Во двете репрезентации ќе има промени во одбраната за овој меч, Фелипе Луис ќе го замени Марсело на левата бековска позиција во редовите на Бразил, додека пак Уго Ајала ќе застане во срцето на одбранаа на Мексико бидејќи Ектор Морено е суспендиран. И додека голем број репрезентации за прв пат се среќаваа во Русија, таков не е случајот со старите ривали Бразил и Мексико кои добро се познаваат и за нив ова ќе биде 41. меч („Кариоките“ имаат 23 победи наспроти 10 на „Ел Три“). На Светските првенства тие се имаат сретнато четири пати, и стаистиката е на страната на Бразил и на овие мечеви (три победи и едно реми). Што е уште позагрижувачки, Мексико на овие мечеви нема постигнато ниту еден гол а примил дури 11. Осорио најави дека ќе го нападне Бразил, но се очекува Мексико да му ја препушти иницијативата на противникот и да се обиде да ги изненади на контри како што беше случајот со Германија. „Кариoките“ сепак прикажаа постабилна игра од „Панцирите“, па избраниците на Тите би требало да го решат овој меч во своја корист.

За да заштедите време, можете да се обложувате на повеќе сметки со регистрирање на најдобриот софтвер за обложување.

Белгија – Јапонија: Победа на домаќинот

Во вториот денешен натпревар, Белгија се среќава со Јапонија во Ростов. „Црвените ѓаволи“ ќе се обидат да стигнат до четвртфинале по само трет пат во својата историја, додека Јапонија никогаш не се пласирала помеѓу најдобрите осум на Светските првенства. Избраниците на Мартинез импресионираа во групната фаза, постигнаа девет гола и забележаа три победи. „Самураите“ пак добро започнаа со победа над Колумбија, но прилично среќно се пласираа во осминафинале поради тоа што имаат помалку жолти картони во однос на Сенегал. За овој меч, Белгија на располагање има речиси цел состав. Ромелу Лукаку ја санираше повредата и треба да се врати во стартниот тим заедно со Еден Азар, Кевин Де Брујне, Дрис Мертенс и Аксел Витсел. Винсент Компани и Томас Вермален се подготвени за настап, па еден од нив двајцата би можел да му го земе местото на Дедрик Бојата во одбраната. Што се однесува до Јапонија, капитенот Макото Хасебе ќе се врати во почетниот состав, исто како и Такаши Инуи, Шинџи Кагава и Јуја Осако. Белгија и Јапонија се имаат сретнато пет пати до сега, статистиката е на страната на репрезентацијата од Азија со две победи и два нерешени исходи, додека пак Белгија има само една победа, која дојде на последната пресметка во ноември 2017. Единствениот меч на Светските првенства им е од групната фаза во 2002 кога заврши 2-2. „Црвените ѓаволи“ се во извонредна серија, немаат загубено 22 меча, последниот пораз им е од Шпанија во септември 2016, па сосема очекувано тие се големи фаворити вечерва. Сепак Белгија ќе мора да биде претпазлива бидејќи на 11 нок-аут натпревари на мундијалите ја нема зачувано сопствената мрежа, и загуби на дури осум од нив. Исто така, пет од последните осум нок-аут меча завршиле во продолженија. Сепак, овој тим на Белгија е составен со ѕвезди кои имаат големо искуство од фудбал на највиско ниво, па за очекување е без поголем проблем да стигнат до триумф.

Допрете го врвот и обложувајте се без лимит и со облози на високи суми во Азија.

Можно е и ова да ти се допаѓа

×