BET-IBC совети за обложување: Сари атакува на првиот трофеј во Англија, но задачата е пеколно тешка

by
3 минути читање

Дали барате место
за да ставите облози на некој од подолу наведените натпревари? Или можеби на
сите од нив? Сега имате можност за добитни облози во Азија со BET-IBC.

Челси – Манчестер
Сити: Победа или реми за гостите

Пред првото коло
од новата сезона во Премиерлигата, Челси и Манчестер Сити ќе ги одмерат силите
во Суперкупот на Англија односно популарниот Комјунити Шилд на Вембли. Маурицио
Сари ќе го има своето официјално деби и може да стане првиот тренер по Дејвид
Мојс во 2013 кој стигнал до трофеј во својот прв натпревар. За овој меч на
двајцата стратези ќе им недостасуваат голем број на играчи. Азар, Куртоа,
Канте, Жиру и заборавениот Батшуаји се уште се на одмор, додека пак Вилијан е
под голем знак прашалник откако покасно се приклучи на подготовките. Во
редовите на Манчестер Сити, Кевин Де Брујне и Рахим Стерлинг се уште се отсутни,
но поголемиот дел од фудбалерите кои настапија во Русија неодамна почнаа со
тренинг па прашање е колку Пеп Гвардиола ќе сака да ризикува со нивниот фитнес.
Двата клуба беа прилично тивки на трансфер пазарот и донесоа само по едно
засилување до овој момент. Жоржињо пристигна на Стемфорд Бриџ а Ријад Марез на
Етихад. Алжирецот се повреди на турнејата во САД, но би требало да биде фит,
додека пак Жоржињо сигурно ќе биде стартер откако импресионираше на
подготовките за новата сезона. „Сините“ попладнево ќе се обидат за прв пат по
2009 да го подигнат пехарот од Комјунити Шилд, додека пак „Граѓаните“ ќе
атакуваат на трофејот кој последен пат го освоија во 2012, кога славеа токму
над Челси со 3-2. Статистиката вели дека на последните четири изданија на
Комјунити Шилд како победник излегувал освојувачот на ФА Купот, но и покрај тоа
Челси влегува како аутсајдер во овој меч и Манчестер Сити е фаворит за
трофејот. На „Граѓаните“ во полза им оди тоа што триумфираа на последните два
меча на Вембли, над Тотенхем со 3-1 и над Арсенал со 3-0, а шампионот на
Англија исто така може и да се пофали со два триумфи над Челси од минатата
сезона.

За да заштедите
време, можете да се обложувате на повеќе сметки со регистрирање на
најдобриот софтвер за обложување.

Баерн Минхен –
Манчестер јунајтед: Над 2,5 погодока

По турнејата од
две ипол недели во САД, Манчестер јунајтед се врати во Европа за да го одигра
последниот контролен меч пред дуелот со Лестер во воведниот натпревар од новата
сезона во Премиерлигата. Жозе Мурињо ќе ги финишира подготовките со меч против
Баерн Минхен на Алинац Арена. Откако во САД му фалеа голем број на играчи
поради продолжениот одмор по настапот на Светското првенство, Жозе Мурињо
конечно ќе може да им даде одредена минутажа на Ромелу Лукаку, Маркус Рашфорд,
Фил Џонс и Виктор Линделоф. Антонио Валенсија и Немања Матиќ не се во
комбинација поради повреда, исто како и новајлијата Диого Далот додека пак Крис
Смолинг е под знак прашалник откако се пожали на повреда на турнеата во САД.
Антони Марсијал, кој неколку денови беше отсутен за да присуствува на
породувањето на неговата девојка исто така не отпатува за Минхен. За „Баварците“
ова пак е последниот сериозен тест пред првиот официјален натпревар и дуелот
против Ајнтрахт Франкфурт во Суперкупот на Германија. Исто така ќе биде и
првиот меч за Нико Ковач на Алианц Арена и деби пред домашните фанови. Хрватот
го има на располагање целиот состав освен Толисо, кој со Франција стигна до
златото во Русија. Сепак, останува да се види каква минутажа ќе добијат
играчите од типот на Нојер, Милер и Хумелс. „Баварците“ исто така беа на турнеа
во САД и настапија на Интернационалниот куп на шампиони, каде по стартната
победа над ПСЖ, загубија од Јувентус и
Манчестер Сити. Баерн Минхен и Манчестер јунајтед до сега се имаат сретнато 11
пати во Европа, а клубот од Германија има подобар скор со четири победи
наспроти две на „Ѓаволите“ и пет нерешени меча. Кога за последен пат се сретнаа
на Алианц Арена, „Баварците“ славеа со 3-1 и сигурно домашните
фанови ќе сакаат да видат сличен натпревар.

Допрете го врвот
и обложувајте се без лимит и со облози на високи суми во Азија.

Можно е и ова да ти се допаѓа

×